Број 3459  петок, 17 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Мислења

Ан-естетика

Гордан Георгиев

Скопје ќе личи на Дизниленд, но во никој случај на модерен европски град, најмалку на метропола на еден суверен народ!

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Ајде малку да зборуваме за естетика. Некако чувствувам дека нам, политичарите, како да ни е забрането да зборуваме на теми надвор од нашиот опис на работното место. И јавноста, и новинарите можеби неправедно не' сместуваат и класифицираат во табори од коишто немаме право да се впуштаме во други авантури. Сепак, да се зборува за естетика во Македонија во 2010 година не е само естетско прашање, туку и параполитичко и можеби најмногу психолошко. Да, мислам на проектот „Скопје 2014“ и на однапред предадената битка дека „за вкусовите не се дискутира“. Но, тоа е сосема погрешно, според мене, особено кога се работи за владини програми и проекти и кога се трошат огромни суми народни пари. Да, за вкусовите мора да се дискутира и тоа како.

Деновиве повторно татне во министерството за култура. Проектот „Скопје 2014“, направен во мрачното „проектантско биро“ на нашиот Премиер, натежнал од огромните корупциски афери и документи кои секојдневно излегуваат во јавноста. Сигурно им тежи и на оние 60 пратеници на владејачката партија кои со притискање на зеленото копче за амнестија на министерката Канчевска-Милевска, всушност, станаа соучесници во приказната, иако и на нив не им е јасно како работата отишла толку брзо и толку неочекувано во неповрат. Затоа, коруптивниот аспект на овој проект време е да го архивираме, но никако да го заборавиме. Ќе дојдат поубави времиња, па сериозни луѓе од сериозни институции темелно ќе се занимаваат со тоа кој градел, а кој крадел.

Од првиот ден тврдам дека „Скопје 2014“ е архитектонско дело на тоталитарен ум и дека „архитектот“ на проектот или неговиот идеолошки и политички татко, тргнал од сопствената тоталитарна матрица. Со тоа, овој проект не може и не смее да се гледа само во својата естететска димензија или во функција на разубавување на градот. Оној што не ја гледа политичко-психолошката димензија или е општествено слеп или намерно става црни очила и го легитимира проектот на разни начини.

Постмодерната одбрана на „Скопје 2014“ доминира во промислите на „естетските“ промислувачи на проектот. Оваа позиција инсистира на означување на „Скопје 2014“ како постмодернистички концепт - everything goes (се' може да помине), и во таа смисла, ако сме наумиле дека барокот ќе доминира - ќе доминира, без оглед на современите трендови во архитектурата и на историската и културна неиздржаност. Прашањето е: Која е идејата и пораката на инспираторот и нарачателот на „Скопје 2014“, која некој сака да ја спакува во постмодернистичка обланда?

Политички и историски, Владетелот сака да соопшти ново броење на времето, пред него и по него; сака да остане вечно запаметен како градителот на ново/старо Скопје (постаро и поубаво од оригиналот). Тука можеме да извлечеме паралела со легендарната: „Ако народот нема за леб, нека јаде колачи“. Истиот народ кој страда за болници, училишта, старечки домови, локални културни центри, добива ултра-екстра ексклузивен центар на главниот град, затоа што во перцепцијата на Пастирот време е да се облагороди овој каков-таков, балкански, наивен народ на кој до сега не му текнало што му треба и што е добро за него. И на крај Триумфалната капија, во Неговите очи таа го симболизира триумфот, кој тој лично го доживеа, над се' што е слободоумно и прогресивно во неговиот народ.

Од естетско-економски аспект навистина е фрапантно дека пазарна цена на еден квадратен метар изграден по сите стандарди изнесува од 600 до 1.000 евра (клуч на рака), и навистина време е да прашаме чиј идентитет се гради и кој се препородува кога еден квадратен метар на новиот Уставен суд чини 7.000 евра? Ако споменикот на Св. Климент Охридски чини вкупно 180.000 евра, чиј патриотизам се плаќа со 750.000 евра потрошени за спомениците на Гоце и Даме, одделно или не дај боже неколкуте милиони евра за лавовите?

Гледано од естетско-идентитетски аспект, не е лошо да го потсетиме Владетелот дека Македонците имаат развиена градска архитектура, со свои особености повеќе од 200 години. Градската македонска куќа во Охрид, Велес, Штип, Битола, Прилеп и сите стари урбани целини во Македонија, говорат за изграден идентитет и посебност на народот, отсликан преку традиционалната архитектура. Во никој случај не смее ни да се занемарат централно европските стилови на градби, кои ги донеле македонските градители од европските центри во кои работеле (Ристиќева палата, Ибни Пајко, зградите на улица „Гоце Делчев“ („Максим Горки“). Кога веќе некој се повикува на зајакнување на македонскиот национален идентитет и патриотски чувства, треба само да се повика на градителската традиција на народот чии неимари го граделе (и го градат) Балканот, Централна Европа, Русија... Во 21 век умешен е оној кој ќе успее да ја воведе својата традиционална, автохтона архитектура во модерните градителски текови и тенденции, а не оној кој ќе увезе стилови сосема несвојствени за поднебјето и културниот сензибилитет на народот чиј идентитет сака да го артикулира, небаре до сега не било тоа сторено.

Градењето на идентитетот на модерна Франција, во архитектонски поглед, на пример, го одбележуваат Центарот „Помпиду“, и Пирамидата во Лувр (која има за цел да ја разбие реакционерноста на комплексот, кој во некоја рака е симбол на империјализмот, исклучивоста и нерамноправноста на луѓето од една нација и нациите како целини). Исто така, до неодамна наречениот Музејот на колонијализмот во Париз е преместен во ултра-модерно здание кое сега се вика Музеј на африкански уметности, се' со цел да не потсетува на мрачната историја на колонијализмот.

Кога светот се врти кон смирени и отворени, широки површини, чисти форми и светлост, реакционерно е и назадно да се воведува барокен стил, кој никогаш не бил присутен (освен за време на Караѓорѓевиќи од Србија, кои така ја покажувале својата моќ, воена, економска и културна доминација врз македонскиот народ).

И да се прифати како факт потребата за естетско облагородување на просторот околу плоштадот со соодветен паметник, секаде во светот, во западниот свет кон кој се стремиме (и чиј барок го импутираат носителите на „Скопје 2014“), плоштадите ги краси централно поставен споменик (фонтана), кој е фокус на почитувањето на сите кои тој плоштад го доживуваат како свој. Тезата дека големиот број споменици ќе привлече голем број туристи кои ќе дојдат да ги видат е точна - Скопје ќе личи на Дизниленд, но во никој случај на модерен европски град, најмалку на метропола на суверен народ! Панорамското тркало говори во прилог на оваа теза.

За крај, спојот меѓу естетиката, функционалноста и трошењето пари најдобро се гледа кај новоотворениот плоштад и подземна сообраќајница во Струмица. Проект направен за седум месеци, кој чини 3,5 милиони евра, наспроти Триумфалната капија која чини 4.5 милиони. Да ги отвориме очите и да направиме разлика, во спротивно и понатаму Владетелот ќе ни сервираа лажна естетика како анестетика за народот.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


#
Статијата е прочитана 1295 пати.

Испрати коментар

Од: subkultura
Датум: 17.12.2010 13:02:22
Одличен напис!
Од: vangel
Датум: 17.12.2010 13:17:13
Nisto ne e cudno Gordane.Koga 40% od gragjanie se kockaat vo kladilnici,a drugi 40% gi poddrzuvaat prvite,normalno e da sakaat glavniot grad da im lici na Las Vegas-gradot na bezvrednoto plagijatorstvo,komarot i kicot.
Од: tetka viki
Датум: 17.12.2010 13:31:06
Uf se izmoriv veke i od 2014 i od Patritot i od site okolu nego. Daj veke ednas neka zaminat , pa makar i pod triumfalnata porta da treba da pominat
Од: Regan
Датум: 17.12.2010 13:46:37
Подобро ќе беше плоштадот да си останеше широка ливада со ромските дечиња,коњи и кучиња како одраз на нашите балкански традиции.
Од: Трпе
Датум: 17.12.2010 13:49:09
Не е за убавина на градот,ова влада пати од некој хендикеп.За пари се работи.Тоа се гледа по некои скулптури кои имат набиено цени и по десет пати поголеми.
Од: професорка
Датум: 17.12.2010 14:35:57
Кога ја видоа анимацијата на Скопје 2014 архитекти и нивното здружение во Љубљана плачеа од смеење. Само што мене не ми е до смеење. Тоа е моето Скопје, трајно уништено и одлепено од концептот на модерната архитектура. Ове е како дома луѓе што си украсуваат со гондоли, Ајфелови кули, па малку Барбика, па вазна, па Купидон,...ХОРОР
Од: dosta e
Датум: 17.12.2010 15:36:17
Se raboti za pari i za mok se e tolku vidlivo sto i eden slep moze da go vidi . Ne se raboti za zelena livada drugar Amerikanec(Regan) smeni si go imeto vo kristijansko pa da diskutirame a ne da se pravime patrioti so Regan Tarzan,,,...ili toa e demokratski vo zemjata kade sto toa ime e sekojdnevie - Go procita li posledniot izvestaj za toa deka na makedonija trebaaat 100 godini da dojde do nekoe stabilno ekonomsko nivo ili i tie LAZAT. Site drugi lazat i se podvlijanie na nekogo samo edni se tie koi zanaat sto e na´jdobro za NASATA zemja "OK" pa togas ajde da vlezeme vo EU ajde da vlezeme vo NATO i da se mrden ednas od taa mrtva tocka .A na nas ke ni gi zatvorite ustite samo ne cekajte 2010-2020?!??
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.12.2010 20:54:15
Имате мала грешка г-дине Георгиев,Дизниленд веќе стигна во Скопје,односно прво ни се стационира во парламентот.Имавме жолтоклунести подскокнувања со фотографии во рацете како Џив-Џив едно два дена.Вчера имавме јавачи на метли како од Волт Дизни продукцијата.До нова година има уште 10-тина дена очекувам да се изнаредат уште јунаци од Дизни.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (7)
Парите од ММФ -осигурување од пожар
Докторката Јаневска се врати како прв попишувач
Хаос во Скопје, снегот пак не' изненади
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Македонија со своја убавица на „Кралица на светот“
Коj тоа таму пее
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
Заводливата привлечност на Карло Молино
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Имаме ли претседател
Последното шоу на Лари Кинг
Визите ги нема, животот не ни се смени
Рампа за големото уво
Реприза на ланското финале во Лигата на шампионите
Бракот не значи ништо, а љубовта е се'
Пријателот-монструм на Тони Блер
Албанците навалија без визи во Европа
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu