Поглед
Рампа за големото уво
Гордана Дувњак
Полицијата нема да може да прислушува кого сака и колку ��ака.Барем, не законски и со изим на законодавецот.Тоа ќе мора да го прави како и досега, во строго определена постапка.И што е најважно, со судски налог добиен од истражен судија!
Сосема друга работа е што и досега, ретко кој можеше да има увид во работата на полицијата, во делот на користењето на специјалните истражни мерки, иако со законот е точно пропишано кој , зошто и колку време треба да биде прислушуван. Исто како што е регулирано и собраните информации за одредена личност да се уништат, доколку не се најде ништо спорно и незаконско. Но, и досега цивилната и судска контрола на ДБК ,беа мислена именка. Зошто сега би било поинаку!
Но, како и да е, барем ќе биде задоволена законската форма и она што е пракса секаде во светот.Каде постои општествена грижа да се воспостави вистински баланс меѓу два битни,но спротиставени интереса. Потребата за ефикасна борба против криминалот и корупцијата и правото на граѓаните за приватност. „Големото уво“ ќе биде ставено во контрола и ќе се спречи, лесно да се одметне. Специјалната полиција нема да може да прислушува без мерка, а добиените податоци да ги користи за политичка и лична дискредитација на секој оној што ќе и' застане на патот на власта и на некои центри на моќ.
Оттаму, одлуката на Уставниот суд да ги стави вон сила и правен поредок спорните одредби од Законот за електронски комуникации е сосема логична и очекувана. И што е најважно, правно издржана! Бидејќи со неа ќе се спречат сите можни последици, но ќе не' заштити како држава од натамошно девалвирање.На ваквите нус последици веќе предупредија дел од македонските експерти, но и практичарите.Никој подобро од нив не знае колку може да биде опасно ако со закон се озакони беззаконие. |