Број 3459  петок, 17 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Парите од ММФ -осигурување од пожар

Ако нема големи ризици, парите ќе стојат како осигурување

Соња Маџовска


Со кредитот од ММФ Македонија може да смета дека е осигурена од пожар, вака сликовито го објасни заемот од 480 милиони евра постојаниот претставник на ММФ во земјава, Александар Тиман. „Тоа е претпазлива кредитна линија како осигурување од пожар. Ако нема пожар нема да ги користите парите. ѓ и не се извлекуваат. Дури и да нема на повидок никаков ризик, добро е да ги имате овие пари за да се намалат ризиците за меѓународните инвеститори“, изјави вчера Тиман на официјалното пуштање во работа на заедничкиот јавен информативен центар на НБМ, ММФ и Светска банка, а кој е сместен во рамките на Библиотеката на централната банка. Тиман посочи дека македонската економија, дефинитивно, ќе закрепнува во 2011 година. ММФ смета оти растот на земјава во 2010 година ќе се движи околу 1,5 процент, додека за наредната година очекуваат раст од три до 3,5 проценти со умерена инфлација. Според Фондот, на Македонија и' се потребни стапки на раст повисоки од четири отсто, доколку се сака нешто да се направи за намалувањето на невработеноста и сиромаштијата. Претставничката на Светска банка во Македонија, Лилија Бурунчик, во презентацијата насловена „Што е потребно за раст“ рече дека македонскиот БДП е на ниво од една четвртина од БДП на земјите-членки на Европската унија. „За Македонија да го постигне нивото на земјите-членки на ЕУ ќе бидат неопходни 86 години доколку оди со сегашната стапка на раст, а земјите од ЕУ растат со 1,5 отсто годишно. Доколку нивниот раст е три отсто, на Македонија ќе и' требаат двојно повеќе години“, истакна Буринчук, според која, ќе ни бидат неопходни 25 години за да се постигне европско БДП доколку растот на Македонија е шест отсто годишно. Таа посочи дека е тешко да се постигне раст и оти нема готов рецепт како треба да се направи тоа. Сепак, таа порача што не треба да прави земјава. „Пораката за малите држави, како што е Македонија, е -вклучете се и работете на глобалниот пазар, формирајте регионални клубови и платформи, но во никој случај не нудете субвенции за енергијата, не ја намалувајте невработеноста со вработување во јавниот сектор, не ги заштитувајте бизнисот и индустријата, не ги контролирајте цените за борба против инфлација и добро плаќајте ги јавните службеници“, истакна Буринчук.


#
Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (7)
Докторката Јаневска се врати како прв попишувач
Хаос во Скопје, снегот пак не' изненади
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Македонија со своја убавица на „Кралица на светот“
Коj тоа таму пее
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
Заводливата привлечност на Карло Молино
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Имаме ли претседател
Последното шоу на Лари Кинг
Визите ги нема, животот не ни се смени
Рампа за големото уво
Ан-естетика
Реприза на ланското финале во Лигата на шампионите
Бракот не значи ништо, а љубовта е се'
Пријателот-монструм на Тони Блер
Албанците навалија без визи во Европа
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run