Број 3459  петок, 17 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Пријателот-монструм на Тони Блер

Блер има многу бизарни пријатели, но Хашим Тачи,
кој тргувал со човечки органи, е ненадминат

Пред пет месеци Тони Блер го посети Косово по покана на премиерот, неговиот пријател Хашим Тачи, за да го прими Златниот медал на слободата. Тачи честопати го фалеше Блер за водечката улога во „ослободувањето“ на Косово од српската власт во 1999 година. Нашиот поранешен премиер има некои многу бизарни пријатели. Во новиот извештај од почитуваниот Совет на Европа се обвинува Тачи за надгледување на „мафијашкиот“ прстен на организиран криминал во 90-тите години, кој беше вклучен во атентати, физичко малтретирање, трговија со човечки органи и други сериозни кривични дела.

Во извештајот, кој се подготвуваше две години, се посочува Тачи како личност што вршел „насилна контрола“ врз трговијата со хероин во Косово во текот на изминатата деценија. Личности од неговиот поблизок круг се обвинети за носење одреден број српски затвореници преку границата по завршувањето на војната со Србија во 1999 година, каде што голем број од нив беа убиени заради нивните бубрези, кои беа продадени на црниот пазар.

Бизарно пријателство: пред пет месеци Тони Блер го прими Златниот медал на слободата во Косово од Хашим Тачи - за кој во еден нов извештај се тврди дека е воен злосторник и тргувал со човечки органи. Накратко, премиерот на Косово во извештајот е опишан како главен воен злосторник што доминирал над коруптивната и дисфункционална држава, која по некоја случајност, е потпомогната од Запад, вклучувајќи ја и Британија.

Сепак, токму овој ист Тачи и неговите соработници во таканаречената Косовска ослободителна армија ставени на функции откако САД и Британија во март 1999 година го почнаа жестокиот напад врз Белград , главниот град на Србија. Беа исфрлени повеќе од 250.000 бомби и се верува дека околу 1.500 невини цивили беа убиени. Ова беше првата голема војна на Блер и таа го трасираше патот за следната инвазија на Запад врз Ирак. Круцијалната разлика е во тоа што левицата во глобала и особено либералдемократите се противеа на војната против Садам Хусеин, а и двете беа меѓу главните поддржувачи на Блер додека тој го убедуваше претседателот Бил Клинтон да ги соединат силите во поразување на Србија.

Некои Косовци го гледаат Блер како на херој откако тој имаше голема улога во „ослободување“ на регионот од српска власт - но колку невини животи чинеше бомбардирањето? Оправдувањето на Блер за бомбардирањето на Белград беше дека тоа се прави од хуманитарни причини. Спротивно на Ирак, каде што лажното тврдење на постоење за масовно уништување беше лажирано, речиси и да не постоеше изговор дека британскиот национален интерес е доведен во прашање. Ние реагиравме како светски по��ицаец - улога што повторно ја игравме заедно со САД кога го нападнавме Ирак во март 2003 година. (Мејл онлајн)


#
Статијата е прочитана 2378 пати.

Испрати коментар

Од: Esen
Датум: 17.12.2010 13:10:26
Naivno!Mnogu naivno ako nekoj misli deka bler i ostanatite "demokrati' ne znaele sto se se slucuvalo i so sto se se zanimavase demokratski izbraniot premier na Kosovastan.Ispaga deka karagic e angelce vo sporedba so Taqi.
Од: kole
Датум: 17.12.2010 16:41:12
I dvajcata se isto l.... !!!!!!!!!!!!!
Од: XXL
Датум: 17.12.2010 16:58:46
Zrtvite od bombardiranjeto ..i kasapenje na zivi luge e nisto naspram ova sto sega ni se desava..Osvestete se luge i na Kosovo i vo Srbija i vo Makedonija postojat zvanicni podatoci deka rakot galopira se poveke zvanicno 200% a nezvanicno sto se krije.???..Lani koga bev vo bolnica vo edno odelenie 70% bea pacienti od Kosovo so malignitet...."NA ZDRAVJE" DA NI E NA SITE !!
Од: Gospod
Датум: 17.12.2010 21:37:04
Bash naivno - demek Ne znaele i se Iznenadeni. Ha ha ha, jadni koi stradale

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (7)
Парите од ММФ -осигурување од пожар
Докторката Јаневска се врати како прв попишувач
Хаос во Скопје, снегот пак не' изненади
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Македонија со своја убавица на „Кралица на светот“
Коj тоа таму пее
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
Заводливата привлечност на Карло Молино
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Имаме ли претседател
Последното шоу на Лари Кинг
Визите ги нема, животот не ни се смени
Рампа за големото уво
Ан-естетика
Реприза на ланското финале во Лигата на шампионите
Бракот не значи ништо, а љубовта е се'
Албанците навалија без визи во Европа
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu