Број 3459  петок, 17 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Хаос во Скопје, снегот пак не' изненади

Бесконечно чекање на семафорите, масовно доцнење
на работа и пешаци побрзи од автобусите

Бојан Шашески


Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во понеделникот се пофали за успешно изведената акција и најави комплетна контрола и подготвеност на зимската служба за претстојните снежни наноси. Неколку дена подоцна, вториот снег во Скопје направи хаос по улиците, ги закочи патиштата и донесе неколку сообраќајки, бесконечно чекање на семафорите, масовно доцнење на работа и еден куп пешаци побрзи од автобусите. Сопствениците на ресторани, кафе-барови, бутици со метли и лопати се обидуваа да ги чистат тендите, терасите, влезовите во локалите. Луѓе опремени со шалови, капи, ракавици постојано се лизгаа по смрзнатите тротоари... „Ќерка ми доцни на часови, а јас не знам дали воопшто ќе успеам да ја однесам до училиштето и да се вратам за работа. Улиците се непроодни и тотално неорганизирани“, рече еден загрижен граѓанин кај подвозникот кај Црниче.

Вчера Трајановски рече дека кризниот штаб се активирал уште од 2 часот наутро, биле ангажирани 15 специјализирани камиони и гребалки од приватни фирми и притоа се фрлени 120 тони сол низ градските улици и булевари, но поради ниските температури, кои вечерта колуминираа и до минус 7-8 степени, солта немала никаков ефект и зимските служби биле оневозможени да интервенираат на одредени локации. „Рано наутро, главно, беа третирани критичните точки - подвозниците, надвозниците, мостовите, високите делови кон Водно и Скопска Црна Гора, но солта не може да ја растопи снежната покривка на минус 5 степени. Откако се нормализираа врнежите и температурата се качи за некој степен, грејдерите и механизмите на возилата почнаа успешно да си ја вршат работата“, изјави Трајановски, апелирајќи до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законските обврски и да ги расчистуваат приодите кон нивните објекти.

Од градот стигна соопштение дека во текот на денот се фрлени уште 200 тони сол, а ЈП „Комунална хигиена“ со 110 работници и соодветна механизација постојано ги чисти пешачките патеки на мостовите, Градска болница, плоштадот „Македонија“, „Партизанска“, „Климент Охридски“, „Водњанска“, „Димитрие Чуповски“, „Крсте Мисирков“, „Јане Сандански“, „Цветан Димов“, „Александар Македонски“ и „11 Октомври“.

Одделно од ЈП „Улици и патишта“, кои расфрлуваа сол низ магистралните улици и булеварите, општините мораа сами да наоѓаат чаре за помалите сообраќајници. Таму, главно, на терен работеа стручни екипи од фирми што претходно биле избрани на тендер за одржување на сервисните, општински улици. За Центар беше задолжена „Анизор“, додека на општините Аеродром и Бутел им стоеше на располагање механизацијата од фирмата „Река интернационал“.

„Приоритетни се црните точки кон населбата Водно и повисоките зони што се потешки за расчистување поради специфичноста на теренот, исто така, редоследно се расчистуваат сите сервисни улици на подрачјето на општината. Во текот на целиот ден ќе се следи состојбата на улиците и перманентно ќе се интервенира според потребите на терен се' до целосно нормализирање на условите за непречено движење на пешаците и на возилата. За потребите на сите основни училишта и градинки на подрачјето на Центар, поделени се по 100 кг индустриска сол“, рече Јовица Ацковски од Општина Центар. Според општинските портпароли, во раните утринските часови во Бутел и во Кисела Вода биле фрлени по 30 тони сол, во Аеродром 20 тони сол, со помош на два глејдер-камиона и со 100 сезонски работници.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ имаше тешкотии да ги превезе патниците до посакуваните, регуларни локации. Временските непогоди ги отсекоа руралните делови на неколку часа, па некои од градските и приградските линии беа скратени или, пак, воопшто не сообраќаа. ЈСП преку целиот ден ги ажурираше граѓаните преку својот официјален сајт, соопштувајќи информации за проодноста на одредени линии и нивното доцнење. Проблеми со возниот ред претрпеа автобусите со број 24, 59, 12, 16, 21 и 57.


#
Статијата е прочитана 1459 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 17.12.2010 14:54:24
На некој што му дожиш пари ке му стегнеш кривична пријава, а кого да го тужат оние невини граѓани кои испокршија раце и нозе, што доцнеа на работа, што неможеа нормално да возат по улици. Или е тоа нормална појава по заврнати два прста снег?
Од: deli
Датум: 17.12.2010 18:44:49
Pa neli 10 dena ponapred rabotaše Krizniot štab, za da reši, što ke se pravi, koga ke padne prvata snegulka!!!
Од: читател
Датум: 18.12.2010 01:52:01
проодноста на сообраќајот во Скопје треба да се реши со синхронизација на семафорите, и спроведени соодветни пресметки, колкав број возила поминуваат во одредено време на сообраќајниците, па според тоа, да се темпираат семафорите, да бидат од корист на сите, наспроти сегашниот хаос поради поставени 4 или 5 семафори на 300м далечина. Придобивки има многу: намалена загаденост, намалена потрошувачка на гориво и побрз транспорт.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (7)
Парите од ММФ -осигурување од пожар
Докторката Јаневска се врати како прв попишувач
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Македонија со своја убавица на „Кралица на светот“
Коj тоа таму пее
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
Заводливата привлечност на Карло Молино
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Имаме ли претседател
Последното шоу на Лари Кинг
Визите ги нема, животот не ни се смени
Рампа за големото уво
Ан-естетика
Реприза на ланското финале во Лигата на шампионите
Бракот не значи ништо, а љубовта е се'
Пријателот-монструм на Тони Блер
Албанците навалија без визи во Европа
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links