|
|
|
|
|
|
Фељтон
Колку УДБ-а беше нашата судба (7)
Полицијата не може да функционира без народот
Целата лустрација се скрши врз Трендафил Ивановски, ова што му го направија е врвен неморал и лакрдија, вели Иван Бабановски
Виктор Цветаноски
Многу досиеја се уништени или исчистени по осамостојувањето на Македонија. Останати се само на оние што во изминативе дваесетина години не биле на високи функции и не можеле да се дојдат до нив. Ова го тврди Иван Бабановски, професор на Факултетот за безбедност, кој пред тоа работел како оперативец, инспектор и началник во СДБ.
„Кога најпрво дојде експертската влада на Никола Кљусев сите си се ’илустрираа‘, ги исчистија и нивните и досиејата на децата и на пријателите. И првата коалициска влада по прогласувањето на независноста на Македонија, го направи истото. Кога власта ја освои ВМРО-ДПМНЕ, прва задача на госпоѓицата министерка и на нејзиниот претпоставен беше да ѕирне во досиејата и да ’излустрира‘ се' што е нивно. И последниве го направија истото, си ги избришаа трагите од нивната работа во комунизмот, така што во архивите остана само ’боранијата‘. Целата лустрација се скрши на Трендафил Ивановски. Ова што му го направија е врвен неморал и обична лакрдија. Не бил соработник на УДБ-а, јас тоа добро го знам и затоа му се јавив и сам побарав да сведочам за да му помогнам“, вели Бабановски.
Истовремено нагласува дека е направена голема грешка што не биле досиејата навреме отворени. На тогашниот министер за внатрешни работи, Јован Трпеноски, му предлагал да се формира меѓупартиска комисија за таа намена. „Му објаснив, ако ги отвориме, ќе добиеме највисоки оценки за нашата национална свест, бидејќи знаев што сме работеле и никој не можеше да не прави ниту Срби ниту Бугари или нешто трето. А целиот тероризам ни беше увезен од Косово и од Албанија“, нагласува Бабановски.
Тој посебно подвлекува дека во службата работеле многу чесни луѓе, но и такви што ја злоупотребувале. Најголеми злоупотреби биле направени во годините по ослободувањето, кога покрај сувото, горело и суровото. Органите на власта ги следеле тие што ги предавале скоевците, комунистите и партизаните и им се одмаздувале. Вели дека кај нас најмногу биле прогонувани лица што имале пробугарска, ванчовистичка платформа, иако многумина од нив не знаеле кој е, всушност, Ванчо Михајлов, од кого некои создале легенда. Во одредени периоди кога власта преземала радикални мерки, како што била, на пример, колективизацијата, многумина што се спротивставиле биле репресирани. Тогаш криминалот и политиката биле ставени во ист кош. Кога, на пример, на селаните ОЗН-а им го одземала опиумот од афионот никој не сакал да каже дека таа го продава во странство како што сега се продава дрогата и со парите се купуваат лекови. На тие на кои им се одземал не им плаќале ни динар и ако се побунеле ги затворале. Тогаш сите што ќе кажеле спротивно мислење ги апселе.
Бабановски вели дека кодошењето било често појава. Тој посочува пример што најдобро говори за кодошката психологија. „Додека пиев кафе во еден ресторан, доаѓа кај мене еден информатор и ми вели: ’Синоќа бев на вечера кај кумот, постојано говореше против Тито и социјализмот‘. Го гледам и си мислам: ’Види го овој скот, бил кај кумот, го пречекал како свој човек и го нагостил, а тој утредента доаѓа кај нас да го кодоши‘. И ние во полицијата често говоревме за глупостите во политиката. Ако нас не' слушаше, некој отстрана што зборуваме, според таа логика, сите требаше да завршиме в затвор. Некој таму три месеци не зел плата и револтиран го опцул социјализмот и ние сега треба да поднесеме пријава и да го затвориме. Кога еден оперативец ми донесе таква пријава, ја искинав, а нему му објаснив пред да ја напише дека треба да види што е тоа што го натерало тој човек да го пцуе социјализмот. На бирократија тогаш најлесно и' беше да ги апси работниците“, истакнува Бабановски.
Тој објаснува дека во првата половина на шеесеттите години на минатиот век УДБ-а од секого многу лесно правела националист и непријател на државата. Доволно било некој приватно да разговара за третманот на Македонија во рамките на Југославија или за неправдите што и' биле направени во минатото да биде третиран како националист или сепаратист што ја загрозува безбедноста и територијалниот интегритет на државата. „Јас знам за случајот на еден шеф на УДБ-а на Скопје, кој сите оние што малку ќе се пројавеа интелектуално, ги прогласуваше за националисти. Тогаш Петар и Ташко Ширилов, Паскал Гилевски, Коле Манев, Иван Чаповски, Ташко Георгиевски, Благој Лактински, Васил Икономов и други беа заведени како млади националисти“, се сеќава некогашниот инспектор и началник на СДБ.
Според него, до тоа доаѓало во годините кога во службата работеле недоволно писмени луѓе, а имале голем револуционерен и боречки капитал. Подоцна таа се ослободила од нив и тогаш започнал процесот на нејзина демократизација.
„Се' до 1964 година сите не можеле да добијат пасош и ако веќе добиеле, тоа одело преку УДБ-а. Најчесто им се давале на луѓе што работеле за неа и кога ќе дојделе од странство, морале да ги вратат. Тие години на ниво на Југославија започна акција за потпишувањето на работните места што се сметаа за безбедносно значајни, а ние како служба требаше да водиме сметка кои луѓе ќе ги заземат нив. Сите што беа обележани како информбировци и ванчомихајловсти, тие што беа против колективизацијата, не можеа да бидат назначени на такви места“, подвлекува Бабановски.
Службата како инструмент на партијата и на државата решавала дали некој како дипломат треба да замине во странство или не. Бабановски лично дал виза за тројца македонски конзули во југословенските дипломатски претставништва. Тогаш од СДБ се барало мислење и за луѓето што работеле во Министерство за надворешни работи, како и за претставниците на трговските фирми во странство. Истовремено сите тие што заминувале во странство морало да соработуваат со службата.
„Никој не можеше да замине во училиште за резервни воени старешини ако не беше проверен од УДБ-а или, пак, не можеше да служи во гардата на ЈНА и да биде воена полиција ако ние за него не дадевме поволно мислење. Издававме илјадници уверенија за подобност. Само јас потпишав документ за подобност за 9.800 лица. Меѓутоа, на сите треба да ни биде јасно, службите за државна безбедност секаде во светот се однесуваат на сличен начин. СДБ е апарат, машинерија што произведува многу суптилен производ, и власта на секоја држава го користи за водење внатрешна и надворешна политика. Не може да се води политика со врзани очи. Тоа е така во сите земји, вклучувајќи ги и најдемократските“, истакнува Бабановски.
Долгогодишниот работник во Службата за безбедност смета дека институциите на македонската држава денес не се однесуваат така. Вели дека ние денес за она што се случува во Грција, Бугарија или во некоја друга соседна земја се информираме само од нивните весници. „Ние, на пример, за Грција постојано ги пренесуваме пишувањата на ’Та неа‘, ’Елефтеротипија‘ или на ’Катимерини‘ и само грчката вистина и' ја пласираме на македонската јавноста. Ние немаме никакви други сознанија и информации за Грција затоа што таму немаме сопствена мрежа. Исто се случува и со Бугарија. Мрежата што ја имавме ни ја декласира една госпоѓица. За тоа и ја наградија и беше поставена за директорка на македонска национална институција“, реагира Бабановски.
Според него, во Македонија можеш да работиш и за црниот ѓавол, а тоа никому да не му пречи. „Ние во државава имаме најголем проблем со македонските јаничари. Сега најлошо е да се определиш за Македонија и тој грев нема никој да ти го прости. Овие мои тврдења можам да ги илустрирам со многу примери. Ќе посочам само еден. Пред да почнеме да апсиме една опасна група, врбувавме еден од нив што ги предаде сите. Мене ме чуди како на националните партии што се изнедрија од ВМРО-ДПМНЕ, не им е јасно кој на кои национални позиции стои, кој што бил и кој какви идеи имал“, повлекува Бабановски
Истовремено, тој проценува дека денес во Македонија нема никаква безбедносна култура. Вели, кога Англичаните како туристи патуваат во странство и ако таму забележат нешто значајно за безбедноста на сопствената држава, штом ќе се вратат ги информираат службите. Кај нас луѓето се' повеќе бегаат од полицијата и сметаат дека е голем ерес ако отидат кај надлежните институции и ги информираат за нешто што е поврзано со безбедноста и заштитата на македонската државата. „Со таквиот индиферентен однос и правиме голема штета на сопствената држава. Полицијата и службите не можат да функционираат без народот“, заклучува Иван Бабановски, кој долги години работеше во македонската служба за безбедност.
|
#
|
Статијата е прочитана 2202 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Kultiviran Balkanec |
Датум: 17.12.2010 12:50:03 |
|
Vo feljtonot se dadeni voglavno primeri, kade se raboti za zloupotrebuvanje na vlasta ili lichni presmetki. No za da se razbere obimon na zlostorstvata treba isto da se zemaat vo obzir pred se tie koi se ogreshija so zakonot i zavrshuvaa na Goli Otok ili Idrizovo samo zatoa shto nivnoto mislenje ne se vlklopuvashe vo oficijalnata ideologijai na Titoviot Rezhim. Imashe duri i Zakon za zashtita na makedonskata chest, koj beshe edinstven vo svetot, pa sekoj shto se chuvstvuvashe kako bugarin zavrshuvashe isto vo zatvor. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 17.12.2010 13:02:33 |
|
Odlicno opisano kako treba edna seriozna bezbednosna sluzba da se ponasa i raboti. Za zal nie nikogas ne sme imale takva sluzba, a ja nema ni sega. Kako i sto napomenal avtorot, ovde seuste najopasno e da si Makedonec,pa zatoa denas politikata ni ja krojat Latasovci i janicari od toj tip, spremen za pari i privilegii da sluguvaat na sekogo. Tokmu takvite denes ovde najdobro ziveat i proagaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: literat |
Датум: 17.12.2010 13:52:44 |
|
Имав можност долги години да бидам познајник со три лица од ДБК.И тројцата ми тврдеа дека не одговараат пред никого,туку секој од нив е тој што одлучува како и што ќе работи.Едниот од нив е во осумтемина,другиот веќе не е во ДБК,ама дебело ги наплаќа досиејата кои ги зел оттаму и е успешен бизнисмен,интимен пријател на еден од најголемите директори во МК и сопственик на најголемата фабрика од црната металургија кај нас.Третиот кој уште работи е по националност Влав и секогаш кога малку ќе потпивне рони солзи за Србија,ако е со југоносталгичари или за Бугарија ако е со бугарофили,ама се е тоа во интерес на државата нели. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pirin |
Датум: 17.12.2010 15:19:12 |
|
Nikoj nemoze bez UDBA da bide naznacen za nekoi funkcii ili za vo stranstvo da biede nesto nekoja sluzba ili slicnost, se gleda kolku taa UDBA bila sposobnost da proceni i za toa drzavata vi se rasturi vo trepot na okoto, vazno vi bese vasite privilegii i nisto drugo , sega pak ste istite i na isti pozicii. |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 17.12.2010 16:08:40 |
|
Мислам дека сум надвор од се што би било третирано и од аголот на Бабамоски и од аголот на т.н. сега актуелен асанжизам на наш начин,но морам да признам дека заклучокот на крајот на Бабановски е реалноста во тоа време и реалниот заклучок дека тоа е начин за крепење на државата.А тие кои третираат информации, треба да бидат на највисоко ниво,каде ќе одберат што е игра и забава,што е даму пукне козата,а што вистинско загрозување на државата.Значи слаби со тенки вратови а дебело напумпани умови.Обратно од ова денешново. |
|
|
|
|
|
|
Од: belomorec 3 |
Датум: 17.12.2010 17:46:03 |
|
Gospodine Babamovski,Od celiot tekst samo posledniot pasus Vi e na mesto.Drugoto e mizi asan da ti bajam.Gore spomenatite iminja,kolku jas gi poznavam ne znam dali bile represirani ili pak cel raboten vek ne se sprecuvani da napreduvaat vo svoite profesii tuku naprotiv,so site politicki garnituri suruvaat.Malku cudno spored Vasite sozaluvanja za imenovanite,Se plasam da slucajno se zrtvi isto kako i Trendafil Ivanovski. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 17.12.2010 18:40:53 |
|
Dzabe ti e tvrdenjeto,g-dine Babamovski deka :"Celata lustracija se skrsi na Trendafil Ivanovski,ova sto mu go napravija e vrven nemoral i lakrdija",koga toa nema da go sfatat ili nema da sakaat da go sfatat,tie na koi toj nemoral se odnesuva.Odi toa kazi mu go na "prosvetleniot" Felix (koj patem e deklarativno za vladeenje na pravoto,ama samo za ednata strana).Posebno sto
toa go kazuva ekspert od kalibarot na avtorot,a nasiot Felix e alergicen na eksperti!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Inaku,mislam,"Utrinski vesnik" go objavi celoto dosie,od cija sodrzina i na laik (samo ne na Adziev)
mu e jasno deka se raboti za dosie na represirano lice,a ne za dosie na sorabotnik na tajnite sluzbi!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: bodan |
Датум: 17.12.2010 19:23:15 |
|
Со бледи бои се прави обид да се наслика хорор слика. Но крајниот впечаток не е тој. Ако со примерите за проследувањето на насликаните во прилогот се верува дека се доловува сликата за наводната жестокост и свирепост на УДБА, тоа не е доказ. Болуваме од фобијата и ние да бидеме во чекор со другите светови -ете и ние сме имале убијци, мачители и џелати во лицето на полицијата, која, како што на крајот се сугерира од искажувањето на разузнавачот Бабамовски, се грижела за безбедноста на државата, што за жал дека денес не е така. Денес безбедноста ни е како швајцарско сирење - полна со дупки низ кои мешетарат разни душмани, од сите провиниенции. |
|
|
|
|
|
|
Од: Avstralianec |
Датум: 18.12.2010 00:16:24 |
|
Od dosegasnoto lesno moze da se zakljuci deka navistina nemame drzava a nitu ke izgradime vo dogledno vreme. Igra na slucajot dovede do samostalnos na Mak. i sega grupa na luge si igraat drzava kako vo detskite igri. Site tvrdat deka dosiejata se lustrirani od koj kako dosol na vlast,a drzavata nema mehanizam nitu da go spreci, nitu da go kazni toa. Babanovski gi spomenuva razvienite demokratii, kako anglicanec bi reagiral ako vidi nesto sumlivo za bezbednosta na Anglija vo stranstvo, no nisto ne kaza deka tamu premierot ne e dojden so preporaka na policijata nitu ima moznost nitu smee da pomisli da go lustrara sopstvenoto dosie, a kamo li na rodninite i prijatelite. Ili Obama stana pretsedatel i pravo vo policija i “dajte da si napisam sto sakam vo moeto dosie”. Svatite deka ako e demokratija, ne e anarhija i drzavata ima mehanizmi da go spreci toa.
Sigurno deka kaj nas lugeto ke smetaat deka e eres da se odi vo policija i da se kaze sto sumlivo primetile za bezbednosta na drzavata, |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan -Trade Name! |
Датум: 18.12.2010 04:53:39 |
|
Eden moj prijatel Srbin, od Makedonija mi rece; Znaj .Ljubotan,.i vo Makedonija ima lugje od visok rang sto bea vo UDBA- SDB bea lugje od Obraz i Razbirane..Go prasav mozes li, toa da go potkrepis? O,da eve kniga od nego so posveta.za mene.Knigata bese nesto, za Albanskata infiltracija vo Makedonija i nivnata se vkupna rabota.Ja prelistav knigata .Navistina, poznati , polu poznati i nepoznati detali -sepak golem trud! Go prasav pa zarem Ti prijatel so Nego,a Jas nemav ni slusnato za nego.Samo vecerva pak ,citajci vo Utrinski, nesto me podsegna i se prisetiv za; Prijatelot na mojot Prijatel .Go prasav ovoj moj Prijatel,dali e mozno i ova? Da Ljubotan, ima Pet profesii sto treba;da imaat ;Dusa,;obraz,razbirane,ljubav,milost,pravda, i da znaat deka ne se vekoviti,a toa se ; Drzavni Sluzbenici-UDBA-SDB ,Doktori,Svestenici ,Advokati i Sudii. Ova mi go rece;.Polu pismen Srbin od Skopje ,ama Mudar! |
|
|
|
|
|
|
|
|