Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Парк ги растера „волците“ на „Олд Трафорд“

Многупати оваа сезона Манчестер Јунајтед испушташе предност, а уште повеќе пати, пак, Вулверхемптон ги губеше натпреварите во кои заслужуваше повеќе од пораз. Лицето на Мик Мекари, по дуелот на „Олд трафорд“ доволно кажуваше се. „Волците“ пружија одличен отпор на „црвените ѓаволи“ и само благодарение на блесоците на Јужнокореецот Ји Сунг Парк го напуштија Манчестер со празни раце, загубија со 2:1.

Десеткуваниот состав на Алекс Фергусон имаше многу проблеми си изненадувачки добрите гости кои цело прво полувреме беа рамноправен партнер на англискиот вицешампион. Дури во судиското продолжение една топка на Дарен Флечер стигна до подзаборавениот јужнокорејски репрезентативец кој успеа да го совлада Маркус Ханеман. Како многупати сезонава Манчестер во продолжението повторно ја испушти предноста и тоа никако незаслужено. Казната за домаќниот тим стигна во 66. минута преку Ебанкс-Блејк кого Мекарти го уфрли во игра само минута претходно. Вулверхемптон имаше прилика да го дотолче противникот, но жестокиот притисок на Јунајтед во завршните 10 минути го чинеа бодови. Во третата минута од судиското продолжение Парк нанижа неколку противнички фудбалери, си создаде простор за удар и погоди за конечни 2:1, како најдобра честитка за Алекс Фергусон за 24-годишнина од преземањето на должноста на „Олд Трафорд“.

Премиерлига, 11. коло

Резултати: Манчестер Јунајтед - Вулверхемптон 2:1, Сандерленд - Стоук 2:0, Фулам - Астон Вила 1:1, Блекпул - Евертон 2:2, Блекбурн - Виган 2:1, Бирмингам - Вест Хем 2:2, Болтон - Тотенхем 4:2. Вчера играа: Арсенал - Њукасл, ВБА - Манчестер сити, Ливерпул - Челзи.

Табела: Челзи 25 (-1), Манчестер Јунајтед 23, Арсенал 20 (-1), Манчестер Сити 17 (-1), Болтон 15, Тотенхем 15, Сандерленд 15, ВБА 15 (-1), Њукасл 14 (-1), Евертон 14, Блекпул 14, Фулам 13, Астон Вила 13, Бирмингам 12, Блекбурн 12, Ливерпул 12 (-1), Стоук 10, Виган 10, Вулверхемптон 9, Вест Хем 7.

По 777 дена пауза Харгривс одигра само пет минути



Големо изненадување беше потегот на Алекс Фергусон што во почетниот состав на Манчестер Јунајтед најде место за Овен Харгривс кој по цели 777 денови опоравување од бројни повреди, конечно, влезе во конкуренција за еден натпревар. За негова голема жалост, но и на бројните навивачи на Јунајтед, неговиот кам-бек траеше нецели 5 минути. Уште при првиот спринт Харгривс почувствува затегнување во пределот на задната ложа и по консултација со физиотерапевтот го напушти тревник и своето место му го препушти на Бебе.


#
Статијата е прочитана 452 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Вардар побегна од дното
Македонија без седуммина стандардни фудбалери во Корча
Аронјан го кутна Крамник на меморијалот „Таљ“
Лазаров го торпедира Гранолјерс
Баерн (М) се намачи за бод во Менхенгладбах
Финалето во Валенсија за шампионот Лоренцо
Хорнетси не знаат за пораз
Путин во болидот на Рено
Шокантна пол-позиција за Хулкенберг во Бразил
Мизерни 1
Деветка од Селтик за Абердин
Батон избегна киднапирање!






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia