Мизерни 1:1 на Интер против Бреша
Пандев ги одигра сите 90 минути
Интер одигра мизерни 1:1 против Бреша во меч од 10 коло во Серија А, а тренерот Рафаел Бенитез повторно најде оправдување за лошата игра.
„Самуел го повреди коленото, ��најдер мораше да остане во соблекувална на полувреме поради мигрена, а Маикон ја напушти играта поради повреда во пределот на мускулот. Тоа се премногу отсуства и тоа е причината поради која не победивме“, се правда Бенитез.
Шпанскиот тренерски стручњак не е премногу незадоволен иако Бреша пристигна на „Сан Сиро“ со пет порази во серија, а јавноста смета дека и со „шарен“ состав „нероазурите“ мораа да ги освојат трите бода. Горан Пандев по подолго време се најде во стартниот состав на Интер и ги одигра сите 90 минути против Бреша.
„Не сум одушевен од резултатот, но мора да признам дека моите фудбалери играа добро. Создадовме многу прилики и на крајот можевме да победиме“, заврши Бенитез.
Италија, 10. коло
Резултати: Интер - Бреша 1:1, Болоња - Лече 2:0. Табела: Лацио 22 (-1), Интер 19, Милан 17 (-1), Јувентус 15 (-1), Наполи 15 (-1), Сампдорија 14 (-1), итн... |