Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Баерн (М) се намачи за бод во Менхенгладбах

Баварците ремизираа (3:3) кај Борусија, втор пораз во низа на Мајнц 05 и Новески

Откако обезбедија место во нокаут фазата во Лигата на шампиони на УЕФА по победата над Клуж (4:0) фудбалерите на Баерн Минхен се надеваа дека, почнувајќи од викендот, ќе го поправаат впечатокот во новата сезона во Бундеслигата во која влегоа во стилот топло-ладно. Гостуваа во Менхенгладбах кај претпоследната Борусија против која, можеби, однапред ги вкалкулираа трите бода за на крајот, за нив својствено, да се мачат да однесат барем бод (3:3).

„Дозволивме победата да ни побегне во само 10 минути во второто полувреме. Никогаш досега во оваа сезона не игравме толку добро како во првото полувреме во Менхенгладбах, но за жал не успеавме да постигнеме доволно голови. Врвен тим не смее да пропушти да загуби натпревар во само 10 минути“, изјави Луис ван Гал, тренерот на Баерн Минхен.

Германскиот шампион непланирано се најде во минус веќе во петтата минута кога нафрлената топка на Херманго измами Бут и отседна во неговата мрежа. Баварците брзо го возврати ударот. Крос центрира, Марио Гомез ја заби топката за 1:1. Подоцна во два наврата се тресеше рамката од голот на Борусија, а за заслужено водство на Баерн М. беа одговорни асистентот Даниел Прањиќ и снаодливиот стрелец со пета, Бастијан Швајнштајгер. Две минути подоцна германскиот репрезентативец промаши пенал.

Домаќинот излезе значително порешителен од соблекувалната во вториот дел и во 56 и 60 минута го го заврте резултатот во своја корист. Две добри проигрувања реализираа Марко Реус и Игор де Камарго кој на полувреме влезе во игра на местото на Идрису. Бод за Баварците спаси Филип Лам во 84. минута.

Мајнц 05 го доживеа и вториот пораз во низа. По минатонеделниот на домашен терен од Борусија Дортмунд со 2:0, составот на Николче Новески овојпат загуби на гостувањето кај Фрајбург со 1:0. Сисе беше стрелец на единствениот гол на стадионот „Баденова“ во 64. минута. Нашиот репрезентативец дефанзивец ги одигра сите 90 минути.

Бундес-лига, 11. коло

Резултати: Нинберг - Келн 3:1, Фрајбург - Мајнц 05 1:0, Борусија Менхенгладбах -Баерн Минхен 3:3, Ајнтрахт Франкфурт - Волфсбург 3:1, Хамбургер - Хофенхајм2:1, Шалке 04 - Сент Паули 3:0. Вчера играа: Хановер 96 - Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен - Кајзерслаутерн, Штутгарт - Вердер.

Табела: Борусија Дортмунд 25 (-1), Мајнц 05 24, Ајнтрајхт Франкфурт 19, Хофенхајм 18, Баер Леверкузен 18 (-1), Хамбургер 18, Нирнберг 18, Фрајбург 18, Баерн Минхен 16, Хановер 96 16 (-1), Вердер 14 (-1), Волфсбург 13, Сент Паули 13, Кајзерслаутерн 10 (-1), Шалке 04 9, Келн 8, Штутгарт 7 (-1), Борусија Менхенгладбах 7.


#
Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Вардар побегна од дното
Македонија без седуммина стандардни фудбалери во Корча
Аронјан го кутна Крамник на меморијалот „Таљ“
Лазаров го торпедира Гранолјерс
Финалето во Валенсија за шампионот Лоренцо
Парк ги растера „волците“ на „Олд Трафорд“
Хорнетси не знаат за пораз
Путин во болидот на Рено
Шокантна пол-позиција за Хулкенберг во Бразил
Мизерни 1
Деветка од Селтик за Абердин
Батон избегна киднапирање!






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax