Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Британска поддршка за реформи во јавната администрација


08.08.2011, 14:04

Воведување нови политики и напредни техники за учење и развој на вработените во јавниот сектор со цел поттикнување на мобилноста во јавната службa и подобрување на организацијата на работата, е една од трите приоритени области на кои ќе работи во наредните две години Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка на Британската влада.

Тоа го најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски кој со британскиот амбасадор Кристофер Ивон потпиша Меморандум за соработка со Владата на Велика Британија на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“.

Со проектот, што ќе почне на 1 септември годинава и ќе се спроведува до март 2013 година, е обезбедена помош во износ од 400 илјади фунти од британскиот фонд DIV, Reuniting Europe.

Според Ивановски, прв пат ќе бидат креирани програми за обука и стручно усовршување со кој ќе бидат опфатени голем број функционери, особено во делот на управување и водење на институциите.

Амбасадорот Ивон истакна дека Велика Британија е голем поддржувач на аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и оти има што да понуди во реформите на македонската јавна администрација.

- Еден дел од меморандумот што го потпишавме денеска се однесува на воведување унифициран систем за развој на човечки ресурси, преку тренинзи и обуки. Тоа е еден дел кој британската јавна администрација смета дека е многу корисен, односно воведувањето систем на оценување според поседување работни квалитети е нешто што ќе ја унапреди јавната администрација, рече Ивон, изразувајќи надеж дека и Македонија ќе ја увиди користа од воведувањето на системот.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефикасноста на јавната администрација, Ивон посочи дека според неговото искуство во Велика Британија, колку и да е добра администрацијата, секогаш може да работи подобро. Затоа треба постојано да се работи на нејзиниот развој и тоа е процес е кој не треба да запре, укажа Ивон.

Во однос на бројноста на администрацијата британскиот амбасадор смета дека секоја држава треба да утврди колкав број и е потребен, но тоа да не се прави според глава на жител.

Според министерот Ивановски, конкретните реформи во македонската јавна администрација почнале пред седум месеци, а ефикасноста на администрацијата ќе биде се повеќе забалежа од граѓаните со воведувањето на новите информатички техниологии.

- Со сите мерки и проекти кои ги преземаме и тие што ќе следат од денешниот меморандум за соработка најголемо очекување имаме кон крајот на годинава бидејќи дел од почнатите проекти ќе бидат реализирани, законите се веќе во сила, ќе има поголема мобилност во администрацијата и ќе можеме за наредната година со полна пареа да реализираме уште повеќе проекти кои цениме дека се значајни за граѓаните на Македонија, рече Ивановски.

Поддршката од Велика Британија, согласно Меморанудмот, ќе се реализира и во зајакнување на капацитетите на МИОА за поефикасно управување и следење на реформата на јавната администрација и воведување модел за управување со човечки ресурси заснован на компетиции. Сите области од Меморандумот, според министерот Ивановски, се во насока на остварување на Стратегијата за реформа на јавната администрација, која ја усвои неодамна Владата.



#
Статијата е прочитана 153 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Фијат Цаноски ангажира американски адвокат
Чевлите на Маневски големи за Беџети
Дипломатијата не беше подготвена
Апсурд
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Окупација на Плаошник
Лондон во пламен
Драстичен пад на температурата во среда
Алчноста не е ��ел од мене
Нова игра на Блиски Исток
Владо Илиевски две години во Ефес
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Војна против опозицијата
Али Ахмети и Македонија
Одбележана десетгодишнината од масакрот кај Карпалак
Карикартра
Стил
Арифи
Издавањето викендици, соби и скутери да се пријави во УЈП
Намалениот кредитен рејтинг на САД ја „урна“ цената на нафтата
Онлајн вести

"""