Кошарка
Владо Илиевски две години во Ефес
08.08.2011, 15:11
Македонскиот кошаркарски плејмејкер Владо Илиевски во следните две години ќе го носи дресот на турскиот гигант Ефес Анадолу (претходно познат како Ефес Пилсен).
Струмичанецот претходните две сезони го носеше дресот на Унион Олимпија, каде што играше одлично, а во Евролигата за словенечкиот тим имаше просек од 10,8 поени и 4,1 асистенција по натпревар. Илиевски ќе биде вториот Македонец кој го носел дресот на големиот турски тим по Петар Наумоски.
Ефес ова лето се засили и со турскиот репрезентативец и довчерашен играч на Милвоки Бакс, Ерсан Илјасова и Саша Вујачиќ од Њу Џерси Нетс. За Илиевски, Ефес ќе биде десеттиот клуб во неговата кариера по Неметали Огражден, Партизан, Анталија, Барселона, Лотоматика, Болоња, Монтепаски, Тау Керамика и Унион Олимпија.
|