Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Пет минути интервју

Алчноста не е дел од мене

Благица Павловска - пејачка

Јасминка Павловска

Благица, го сакаш ли летото? По што ти е различно ова лето од минатото?


- Научив да им ја најдам убавината на сите годишни времиња. Да го сакам летото, иако зимата, кога не сум во Македонија и обично е работна, некако ми е порелаксирана. Ова лето ми се чини дека е поубаво од минатото. Всушност, лани работев на куќата, но иако не е се завршена, г��динава го намалив темпото и работам колку да се занимавам.

Летово во Македонија започна со избори, а претходно имаше кампања, која беше многу корисна за некои твои колеги. Зошто Благица ја нема во пејачките предизборни карвани?

- Одамна имам изјавено дека не сакам да избирам страна во политиката. Таа ситуација ми одговара, барем сум раат од тие, политички квалификации. Ние, луѓето од естрадата, навистина го доживуваме тоа само како професионален ангажман (затоа не велам дека никогаш не би настапила во некаква кампања), но во јавноста тоа поинаку се гледа и се квалификува. Фала му на Бога, народот ме сака како пејачка и имам доволно ангажмани и без некаква блискост со која било партија. Секогаш сум се потпирала само на себе. А ниту алчноста не е дел од мојот карактер.

Имаш ли некаков план за класичен одмор?

- Да, да. Еве задутре заминувам за Шпанија, преку Цирих. Сакам патувања и секогаш на дното од шолјата на кафе ми се појавува пеперутка или авионче. Или јас така сакам да ги видам, ха, ха. Пред неколку дена добив и американска виза, па од есен веројатно повторно ќе имам некоја турнеја преку „големата бара“. Но, сега - одам на одмор.

Вљубена ли е Благица летово?

- Не сум вљубена, но среќна сум. Искрено да ви кажам, веќе ми се смачи поставувањето на љубовта во контекст на секс кога се зборува за мене. Тоа веќе е крајно непристојно. Навистина можеби и јас дозволив така да бидам перципирана, но мене ме исполнува една сосема поинаква мисла. Препуштена сум на Божјата волја и веќе не си дозволувам брзи одлуки. Бог ги носи луѓето што треба да бидат со нас во животот. Сметам дека сум среќна што запознав неколку вистински искрени луѓе во мојот живот. Тоа се пријатели што ги имам низ цел свет и никогаш не сум ги изневерила во пријателството. Ниту тие мене.


#
Статијата е прочитана 2263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Фијат Цаноски ангажира американски адвокат
Чевлите на Маневски големи за Беџети
Дипломатијата не беше подготвена
Апсурд
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Окупација на Плаошник
Лондон во пламен
Драстичен пад на температурата во среда
Нова игра на Блиски Исток
Владо Илиевски две години во Ефес
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Војна против опозицијата
Британска поддршка за реформи во јавната администрација
Али Ахмети и Македонија
Одбележана десетгодишнината од масакрот кај Карпалак
Карикартра
Стил
Арифи
Издавањето викендици, соби и скутери да се пријави во УЈП
Намалениот кредитен рејтинг на САД ја „урна“ цената на нафтата
Онлајн вести

"""