Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Намалениот кредитен рејтинг на САД ја „урна“ цената на нафтата

08.08.2011, 11:45

Одлуката на Агенцијата „Стандард и Пурс“ од петокот за намалување на кредитниот рејтинг на САД од максималните ААА на АА+, денеска предизвика потрес на нафтениот пазар и драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи.

Цената на американската лесна нафта за испорака во септември во електронските тргувања пред отворањето на Стоковата берза во Њујорк денеска се намали за повеќе од три долари на 83,61 долари за барел, додека во исто време европскиот „брент“ од Северното Море на Берзата во Лондон поевтини за околу два отсто на 106,91 долари за барел.

Инвеститорите се загрижени дека намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, прво од 1917 година кога е воведено кредитното рангирање, како и негативните прогнози за американската економија, можат сериозно да ја разнишаат потрошувачката доверба и дополнително да ја успорат економската експанзија на земјата, што би се одразило и врз останатите земји во светот и би придонело за намалувањето на побарувачката на нафта во глобални рамки.

Поради неизвесноста околу зголемувањето на лимитот за задолжување во САД само во текот на минатиот месец цената на нафтата во Њујорк се намали за над 15 долари за барел. На почетокот на јули цената на нафтата на Њујоршката берза се движеше околу сто долари за барел, а само два месеци претходно таа изнесуваше речиси 115 долари за барел.

Наспроти стравувањата од запаѓање на САД во нова рецесија, некои аналитичари очекуваат дека американската економија во текот на оваа година сепак ќе забележи раст, кој во текот на 2012 година може да биде значителен, што ќе придонесе за оддржување на цената на нафтата на светските берзи на високо ниво.

Експертите на компанијата „Голдман Сакс“ им препорачуваат на инвеститорите да вложуваат во нафта, предвидувајќи дека во текот на идната година цената на „црното злато“ ќе изнесуваа во просек 130 долари за барел, што е значително повеќе во однос на сегашната.


#
Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар

Од: tatoo
Датум: 08.08.2011 13:09:04
Се очекува поскапување на бензините за 1,5 до 3 денари за литар. Вака ќе гласи промената на цената на горивата од страна на “регулаторната“ комисија после ова случување на пазарот на нафта и нафтени деривати.

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Фијат Цаноски ангажира американски адвокат
Чевлите на Маневски големи за Беџети
Дипломатијата не беше подготвена
Апсурд
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Окупација на Плаошник
Лондон во пламен
Драстичен пад на температурата во среда
Алчноста не е дел од мене
Нова игра на Блиски Исток
Владо Илиевски две години во Ефес
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Војна против опозицијата
Британска поддршка за реформи во јавната администрација
Али Ахмети и Македонија
Одбележана десетгодишнината од масакрот кај Карпалак
Карикартра
Стил
Арифи
Издавањето викендици, соби и скутери да се пријави во УЈП
Онлајн вести

"""