Време
  Драстичен пад на температурата во среда
 
 
   
08.08.2011, 15:32 
Од задутре се очекува пад на температурите за над 10 Целзиусови степени, засилен ветер и зголемување на облачноста, информираат од УХМР.
  Утре во државава ќе преовладува топло и сончево време, а попладнето ќе започне да се спушта посвежата воздушна маса.
  Во среда и четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој на моменти во делови од земјава ќе достигне брзина од над 70 кило��етри на час.
  Од петок температурите постепено ќе се зголемуваат. Надлежните поради големиот распон во температурите во изминативе денови, предупредуваат постарите лица и хронично болните да не излегуваат од дома доколку тоа не е неопходно.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   |