Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Издавањето викендици, соби и скутери да се пријави во УЈП


08.08.2011, 12:19

Граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во езерските и планински центри во Македонија и издаваат во закуп или подзакуп простории за одмор и рекреација, викендици, соби, стан или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, приходите од издавање треба да ги пријават во Управата за јавни приходи.

Пријавувањето, како што соопшти УЈП, се врши во на��лежната даночна канцеларија во местото каде се наоѓа имотот што се издава, со поднесување на даночна пријава (образец „ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите.

За неподнесување на даночна пријава во пропишаниот рок, законот предвидува глоба за сторен прекршок од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

При пресметување на персоналниот данок за овој вид на приходи, за граѓанинот се предвидени и даночни олеснувања. Висината на трошоците за кои може да се намали неговиот остварен приход изнесува 25 отсто од висината на приходот при издавање под закуп на неопремени станбени и деловни простории и 30 отсто при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории. По барање на обврзникот висината на трошоците може да се намали на стварните трошоци доколку тие документирано се докажани.

Од УЈП ги потсетуваат граѓаните кои сезонски и повремено се занимаваат со продажба на гевреци, крофни, пуканки, пченка и останато на отворени простори, или пак, изнајмуваат детски реквизити од забавен карактер, педалинки, чамци, глисери, скутери, чадори, лежалки дека треба да ја пријават својата сезонска работа во Управата за јавни приходи.

Доколку не се регистрирани како даночни обврзници, задолжително треба да ја пријават својата дејност во УЈП, односно да поднесат образец „УЈП-РДО/ВК“, потсетуваат од Управата.


#
Статијата е прочитана 316 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Фијат Цаноски ангажира американски адвокат
Чевлите на Маневски големи за Беџети
Дипломатијата не беше подготвена
Апсурд
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Окупација на Плаошник
Лондон во пламен
Драстичен пад на температурата во среда
Алчноста не е дел од мене
Нова игра на Блиски Исток
Владо Илиевски две години во Ефес
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Војна против опозицијата
Британска поддршка за реформи во јавната администрација
Али Ахмети и Македонија
Одбележана десетгодишнината од масакрот кај Карпалак
Карикартра
Стил
Арифи
Намалениот кредитен рејтинг на САД ја „урна“ цената на нафтата
Онлајн вести

"""