Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Поглед

Окупација на Плаошник

Љупчо Поповски

Со невидена леснотија човекот што сака да биде македонска варијанта на Индијана Џонс ги оквалификува како неуки, како лаици архитектите што побараа да се оди покроце во полнењето згради на Плаошник. Паско Кузман не сака дури ни да расправа со архитектите за идејата на која тој и' се восхитувал во владините коридори. А реакцијата на архитектите за грандиозните планови за Плаошник беше умерена, но вистинска: дека 20-те згради околу црквата ќе го затворат овој фантастичен простор во Охрид; дека со тие згради ќе се загуби мистиката која илјадници години лебдеше таму; и дека треба да им се остави и на следните генерации нешто да градат во Охрид.

Можеби таа забелешка за идните генерации и за идната архитектура го погодила Кузман. Можеби тој сака по 300 години сите тие нови згради и старо-новата Самоилова тврдина да бидат квалификувани како „времето на Кузман“. Да е само Паско Кузман, може да се најде разбирање, но не и оправдување – Индијана Џонс секогаш одеше на работ од законот. Но, кога државата со еден потег сака да го измени ликот на драгиот камен на македонската круна, мотивите се единствено поврзани со желбата да се удри печатот на грандиозноста и онаму каде што едвај има место за гарсониера.

Македонија патува со брзиот „те-же-ве“ воз овие пет години само кога треба да се измислува минато, само кога треба да се прават барокни кулиси, само кога преку државната архитектура треба да се прават бесмислени споменици на едно владеење. Во се' друго сме како на пактон. Секогаш ќе има државни архитекти што ќе службуваат на некоја власт и секоја власт ќе сака да остави свој белег. Но, треба да се има мерка и да се слушне што мислат другите. Според изјавата на Кузман, нема други во државата – Македонија, тоа сме ние, нашата група. Другите се тука само заради амбиент.


#
Статијата е прочитана 2594 пати.

Испрати коментар

Од: Кирил
Датум: 08.08.2011 00:54:21
"Да се измислува минатотото"! Дали е ваквото размислување и ваквото познавање на историјата на македонската нација од истото чувство на национална инфериорност како онаа на "идеологот" БЦ според кого "им прават споменици на некои непознати таму...":? А да ги именувате архитетктите чие мислење го пренесувате во памфлетов? Бидејќи ВМРО го отвори Плаошник пред очите на нацијата и го внесе во сознанието за националниот идентитет, претпоставувам дека алтернативата што ни ја нудат ЉП и неговите идеолошки и верувам материјални ментори би биле голи ледини и плоштади во функција на селски гумна? Или зошто целиот тој напор "да обновуваме мртва нација" според Милчин во Њујорк Тајмс?
Од: Памтач
Датум: 08.08.2011 02:01:35
Утрински постојано ги критикува проектите што ги раководи Паско Кузман и колку следам, често, лично го навредувате (од тоа како изгледал, до што се се замислув��л дека е, и така-на-таму оговарање на слични малограѓански теми...). Па, каква врска тоа има со предметот на вашата дискусија? Воедно, не можам да се изначудам како сега го браните тој ист Плаошник, чие истражување (заедно со градењето на црквата кое го раководеше истиот човек) така здушно го критикувавте пред 10-ттина години!!! Многу конзистентно и издржано, нема што!
Од: koki
Датум: 08.08.2011 08:29:13
Ne sum arhitekt, go poznavam prostorot i mislam deka e preterizam na toj prostor da niknat 20 zgradi, da ne recam zgradetini........Ama VMRO i se e mozno............
Од: lelek
Датум: 08.08.2011 10:32:10
ne mozam da ja sfatam potrbata za kritikuvanje na gradenjeto na opstestveni gradbi voopsto. Celata ovaa statija e evtina politika. Novinarov ili so i da e po profesija pred da bide popularizirano kulturnoto nasledstvo sigurno ne si gi ni macel negovite listovi od podkolenicite za da gi dozivee tie kako so vika misticni delovi na Ohrid.
Од: Graganin
Датум: 08.08.2011 11:09:22
Lupco Popovski ne znam za cii interesi rabotite i vie dali ste i vie eden obicen predavnik stom velite da se izmisli minatoto, zarem nie od doma si ja donesovme istorijata na plaosnik??? setete se koj ja izgradi crkvata na plaosnik, znaci za vas se sto se sozdava e loso!!! ajde najdobro vie otidete podobro konsultirajte se so vasiot mentor liceto B.C , vremeto za takvite kako vas pomina zaglavivte vo minatoto opva e nova era za Makedonija vo koja ocigledno vas ne vi e mestoto
Од: Citatel
Датум: 08.08.2011 11:55:13
A zosto dragi sogragani vie ste patrioti a novinarot e predavnik. Zatoa sto istoriski gradbi ne se gradat tuku se restavriraat li? Pa i samoilovata tvrdina e polovinata veke novokomponirana tvorba a ne istoriski spomenik. I vo koe minato zivee novinarot. Drzavata e vratena stotici godini nanazad od takvite kako vasite nalogodavaci, taka da i da saka covek ne moze da se vrati ponazad bidejki takvo nesto ne e mozno.
Од: Трпе
Датум: 08.08.2011 12:22:15
Времето кое ќе биде обележано како време на Груевизамот ,не само што ке остави белези од нивното владеење, ќе остави и длабоки рани на Македонија ако успее да преживее.Мора да има потрчковски како Индијана Џонс и некои архитекти кои не се свесни дека ќе немат никаков афторитет.Важно е да се измислуват проекти за да има што пералната успешно да работи..
Од: verag
Датум: 08.08.2011 12:43:58
Паско Кузман нема што да полемизира со архитекти кога не е архитект а мисли , како и неговиот ментор, дека знае се и треба за се самиот да решава. Во секој случај прашање е дали тој брани свој став или став на налогодавцот, бидејќи на сите им е јасно дека Груевски решава за се. А овие сите кои го бранат со бесмислици, не се луѓе со личен интегритет, со свој став , вкус и мислење туку едни Борги (од Звездени патеки) . Па нека се сите од ДПМНЕ, не може сите да сакаат споменици во огромен број, барокни градби,кичерај, пренатрупаност, во случајов со згради кои ќе ја поклопат главната- црквата на Плаошник.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 08.08.2011 16:20:27
Авторот прецизно ја погодил суштината на трудбеничкиот транс на „градителите“!Целта е да се изгради,заради оставање сопствена трага,не заради минатото,или сегашноста,туку оставање зад себе градби кои ќе нè потсетуваат на нив!Печат за своето постоење,во иднината!Разликата со ктиторите на старите цркви и градби е само една―овие градат со туѓите пари,во свое име,а не со своите пари-за и во името на општеството и заедницата!Токму така старите градби (историски споменици на културата)добија нов лик,онака како што никаде во светот не се изведува реставрацијата!Со нив,добивме нови староградби!Нов Камен Мост,ново Скопско Кале,добивме дури и Ново старо Скопје,нови наколни населби,нова Самуилова Тврдина,нова Црква на Плаошник…Сега дури сакаат да изградат и нови згради,кои најверојатно треба да потсетуваат на старото…и на нив,градителите на нашиот кошмар!Деновиве минував крај неколку споменици од НОБ!Стојат запустени и оставени на забот на времето!Зарем тие не заслужуваат обнова и конзервација?!
Од: Od Ohrid
Датум: 08.08.2011 17:25:54
Pasko Kuzman e mnogu skromen i iskren covek! Toj ne e nikakov Indijana Dzons, nitu pak nekoj moze da nego go potcini i da go komanduva! Nie Ohrigani si goznaeme i sekogas ke si go pocituvame, koj sto sakal kazal...Ni go ozive gradot so se sto stori! Samo bravo imam da kazam..
Од: Bogomil
Датум: 08.08.2011 18:14:25
Дали на Плаошник, според критичарите треба да се градат катакомби или испоснички ќелии. Зарем некому треба да му се докажува елементарното дека новото време бара нови архитектонски содржини кои ќе соответствуваат на потребите на оваа цивилизација, а не на онаа од пред еден милениум. Светиклиментовиот универзитет немал потреба од амфитеатри, лаборатории, библиотеки за стотици илјади книги, Црквата треба да доминира. Да, но, замислете ако таа беше вкопана во земја како Свети Спас во Скопје, ќе значеше ли тоа дека се наоколу треба да биде под земја! А кој рекол дека ставовите на сите архитекти треба да бидат истоветни. Тие се креативци и добро е да има борба на мислења, но без зли намери и критизерски интонирани.
Од: Gjurcin
Датум: 08.08.2011 18:54:51
Hronologija! Koga jane Miljovski (SDSM) izgradi privatna tvrdina na plostadot Sveta Sofija, "Utrinski" nemase problem. Koga VMRO investirase vo otkopuvanjeto na Plaosnik i gradenjeto na crkvata "Utrinski" imase negativni komentari. Sega, koga se vozobnovuva Sv. Kliment-oviot univerzitet na Plaosnik, Utrinski i negoviot komentator imaat "seriozni" zabeleski. Vakvite opredelbi na "Utrinski" i na drugite mediumi, sprecuvaat normalni lugje, normalno pametni i pretpostaveno intelektualci, da zavzemat kriticki stav kon nekoi postapki na vlasta zatoa sto alternativata ste vie i SDSM!

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Фијат Цаноски ангажира американски адвокат
Чевлите на Маневски големи за Беџети
Дипломатијата не беше подготвена
Апсурд
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Лондон во пламен
Драстичен пад на температурата во среда
Алчноста не е дел од мене
Нова игра на Блиски Исток
Владо Илиевски две години во Ефес
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Војна против опозицијата
Британска поддршка за реформи во јавната администрација
Али Ахмети и Македонија
Одбележана десетгодишнината од масакрот кај Карпалак
Карикартра
Стил
Арифи
Издавањето викендици, соби и скутери да се пријави во УЈП
Намалениот кредитен рејтинг на САД ја „урна“ цената на нафтата
Онлајн вести

"""