Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Арифи: Очекувам партнерство од Грција за евроинтеграцијата


08.08.2011, 13:33

Вицепремиерот задолжен за евроинегративниот процес на Македонија, Теута Арифи, во интервјуто за Дојче Веле изјави дека од Грција се очекува поддршка за процесот на евроатлантската интеграција на државата.

- Ние сме соседна земја со Грција и очекувам токму од неа, од нашите колеги таму, поддршка за процесот на евроатлантската интеграција на Македонија. Нејзината интеграција во ЕУ е, исто така, од интерес за грчката страна. Очекувам вистинско партне��ство и поддршка во овој процес. За ова официјално ќе се обратам до грчкиот премиер и министер за надворешни работи и ќе ја барам таа поддршка за Република Македонија и нејзината евроинтеграција, изјави Теута Арифи за Дојче Веле.

Арифи додава дека евроинеграцијата и деблокирање на патот кон ЕУ е највисок приоритет на Владата, секако не занемарувајки ги и еконосмкиот раст и сите останати приоритети. Таа нагласува дека оваа година ќе добиеме коректен и добар извештај од Европската Унија за напредокот на државата.

- Мислам дека и на Албанците и на Македонците во земјата им е потребно членството во НАТО и деблокиран процес за преговори со Европската Унија. Овој процес е гарант за стабилноста, за развојот и за одењето напред. Токму поради тоа мислам дека тој процес е клучен и многу значаен, истакува Арифи.

Теута Арифи за Дојче Веле изјави дека е оптимист во врска со решавањето на спорот за името.

- Компромиси има за секој спор, па мора да има компромис и за овој спор. Решение има за секој спор, па мора да има и за овој спор. Ние само треба да покажеме подготвеност и зрелост дека навистина сакаме бргу да го решиме тој проблем, затоа што времето докажува оти треба да бидеме побрзи. Со новиот владин состав можеме да покажеме поголема подготвеност, нагласи Арифи.





#
Статијата е прочитана 242 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Фијат Цаноски ангажира американски адвокат
Чевлите на Маневски големи за Беџети
Дипломатијата не беше подготвена
Апсурд
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Окупација на Плаошник
Лондон во пламен
Драстичен пад на температурата во среда
Алчноста не е дел од мене
Нова игра на Блиски Исток
Владо Илиевски две години во Ефес
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Војна против опозицијата
Британска поддршка за реформи во јавната администрација
Али Ахмети и Македонија
Одбележана десетгодишнината од масакрот кај Карпалак
Карикартра
Стил
Издавањето викендици, соби и скутери да се пријави во УЈП
Намалениот кредитен рејтинг на САД ја „урна“ цената на нафтата
Онлајн вести

"""