Инспекторатот утврди незаконитости во Меѓународниот универзитет во Струга и во Њујорк колеџ од Скопје
Меѓународниот универзитет во Струга и Њујорк колеџ од Скопје имаат рок од 40 дена да ги отстранат незаконитостите што при контрола ги утврдил Државниот просветен инспекторат.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, на прес-конференција соопшти дека до нив е испратено писмено укажување и ако не го исполнат, согласно со член 162 од Законот за високо образование МОН ќе донесе решение за привремена забрана за работа.
Кај Меѓународниот универзитет во Струга се констатирани сериозни прекршувања на законот – тој врши високообразовна дејност без добиена акредитација и запишува студенти во втор циклус на студии пред да се донесе решение за тоа од Одборот за акредитација и без решение на МОН за исполнетост на условите. Исто така, таму се запишани студенти без нострификација, кои немаат положено државна матура и кои завршиле само тригодишно средно образование. Во Њујорк колеџ, пак, треба да се исполнат минимални законски услови за бројот на наставен кадар што треба да биде ангажиран во една високообразовна установа.
„Немаме намера да затвораме универзитети, но имаме јасен и одлучен став сите високообразовни установи да работат во согласност со законот. Не смееме да дозволиме образовниот систем во Република Македонија да биде загрозен. Апелирам до сите универзитети, јавни и приватни, целосно да ја сообразат својата работа со Законот за високо образование и целосно и доследно да ги почитуваат законските одредби. Не смееме да дозволиме да се деградира високообразовната функција во Македонија. Наша цел е да обезбедиме стабилен и висококвалитетен образовен систем“, рече Тодоров.
Досега е извршен надзор и на други приватни и јавни универзитети, а контроли ќе има и во следниот период. Кај државните универзитети биле утврдени неправилности, но не сериозни, но и за нив се поднесени прекршочни пријави за одговорните лица. Недоследности има и во Државниот универзитет Тетово, но Тодоров не прецизираше какви, бидејќи инспекцијата таму се' уште е во тек. (П.Р.)
Na univerzitetot na Plevnes ne mu e najdena mana. Normalno.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 07:34:28
А факултетите по селава? Таму ќе се создава кадар кој ќе може да го замени домарот кој стана професор без школо? Требело да работиш на брод?А од Солун - како ги нострифицираат дипломите и кој од нашиве многу умни кадри завршил таму? Дали парите се пресудни за да се добие диплома?
Пазарно стопанство и се е можно!.
Од: dr
Датум: 22.06.2010 09:29:20
Se uste gi smetate za validni izjavite na minister koj na prasanje dali se cuvstvuva odgovoren za katastrofalnata sostojba vo obrazovanieto (nepostoecki, nekvalitetni besplatni ucebnici, bojkot na nastava kompjuteri i ......) odgovara :"naprotiv sega koga gi razbrav rabotite ( koga se navezbav) ke mi trgne".
Dali doktor koj so neadekvatno lekuvanje ke napravi pacientot da ostane nesposoben ili umre treba da podnese konsekvenci ( spored mene treba). A dali treba da se cuvstvuva odgovoren. Spored nasiot minister naprotiv, sto poveke ke utepa toa podobro ke gi leci. Mala razlika doktor moze da utepa ili onesposobi desetina luge vo svojot raboten vek a ministerot vo tek na edna godina ostava hendikepirana cels generacija na mladi luge.
Од: Bitola
Датум: 22.06.2010 09:38:34
Ovaj decko nee najslab ,tuku e najkatastrofa minister za obrazovanie.
Од: Realen
Датум: 22.06.2010 10:14:51
Prvo vinata lezi kaj vlasta za katastrofalnata sostojba vo obrazovanieto. Ovaa vlast otvori univerziteti i fakulteti vo site gradovi i sela vo RM, kako da se toa fabriki, shoping centri i butici. Za zhal nastavniot kadar vo ovie novo otvoreni obrazovni institucii e katastrofalen i bez nikakov kriterium. Edinstven kriterium e da si blizok so vlasta (VMRO ili DUI) i site vrati se otvoreni, od obicen nastavnik ili profesor kupuvas magistratura i doktoratura i predavash vo gorenavedenite univerziteti. Novite steknati doktori na nauki (so kupeni tituli) sega predavaat vo fakultetite, a rezultatot niven e katastrofalen, a ovaa nivna rabota ke se odrazi na nasite generacii slednite decenii.
Од: јас
Датум: 22.06.2010 10:23:19
Дали само 2 „факултети “ се такви ?!
Од: Komentator
Датум: 22.06.2010 12:15:07
Koga pred polovina vek maturirav...a vo klasot togas imavme samo 2 odlicni ...se zapisav na fakultet..e sega da ne bidam neskromen..ama uste togas ..gledav kakvo "bukovo drvo" zavrsuva fakultet...i kakvi bea profesorite...Sekoja cest na iskljucoti.. ama sepak da kazam deka bea mnogu podobri od segasnite vo gimnazija i na novokomponirani fakulteti...Da zavrsis gimnazija ..da zvrsis fakultet..a da nemas elementari poznavnja od opstestveni pa i prirodni nauki...e toa e veke grev na naseto nikogas opraveno obrazovanie...Deka sum vo pravo poglednete go samo kvizot MILIONER...!!!
Од: RND
Датум: 22.06.2010 12:27:31
Pred da napisete nesto - napravete bare malku ispituvanje. New York College vo Makedonija ne e prisuten poveke od 4 godini. Vo 2006 ako ne se lazam stana University of New York in Skopje, a otkako grckiot menadzment se povlece makedonskite serifi go prekrstija objektot vo New York University in Skopje. Od koga se povlekoa grcite interesni momenti dozivea objektot vo Saraj.
Од: ЕДЕН
Датум: 22.06.2010 12:47:30
А Меѓународниот Славјански Институт во Битола и Св. Николе ги исполнува стандардите? Или пак близината со Владеачките структури е тоа што е критериумот дали еден универзитет ги исполнува или не критериумите за високообразовна дејснот?
Од: Трпе
Датум: 22.06.2010 13:18:36
Резултатите на кампањата ,знаењето е сила,знаењето е моќ излегуват на виделина.За некоја година ке бидат уште по видливи.Квантитет може да има само на депоните,ако се сака чиста животна средина.Во учењето треба да се бара квалитет.Но ова самобендисана блада што фати се исуши.Од следната година ке воведат да секој дипломец,задолжително оди и на посдипломски студи.Мора да имаме образован свет,за полесно менување на министрите.Сега владата се плаши за реконструкци,поради немањето на кадар со високи титули.Држава ли е ова или панаѓур.