Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Превозниците со издишени гуми

Билјана Ангеловска



Автобускиот превоз во Македонија ги живее н��јтешките моменти во последните 15 години. И покрај големиот број патници, автобускиот патен сообраќај се' потешко се носи со проблемите, соочен со рецесиските последици, слабата економска моќ во државава и зголемените трошоци.

За жал, Македонија и натаму е без национална стратегија за функционирање и развој на патничкиот сообраќај. Со вкупно 750 автобуси за меѓуопштински и меѓународен сообраќај со просечна старост од над 15 години, речиси минимални се шансите македонските превозници да ја фатат брзината со која се вози во Европа. Неповолната кредитна политика на државата за обнова на возниот парк, а пред се', нелојалната конкуренција ги доведоа автобуските превозници во состојба на издишени гуми.

Вака накусо би можела да се опише ситуацијата во која се наоѓа автобускиот патен сообраќај, за која вчера во Стопанската комора на Македонија говореше Мите Митевски од Здружението за сообраќај. Без лично присуство на ниту еден претставник на превозниците, како и без конкретни финансиски детали како поткрепа на презентираната состојба, Митевски се обиде да ја претстави моменталната фактичка состојба на македонските транспортери и нивното место на домашните, но и на европските патишта.

„Дури 55 проценти од јавниот транспорт во Европа се врши со автобуси, при што главен акцент се става на еколошкиот момент со примена на строги критериуми. Тоа им создава посебна обврска на нашите превозници што уште повеќе ги зголемува трошоците што ги имаат особено поради прескапиот зелен картон, кој кај нас има нереално висока цена и е далеку најскап во Европа“, рече Митевски.

Обемот на превезени патници бележи пораст во делот на националниот сообраќај, за разлика од меѓународниот превоз каде што има перманентено опаѓање. Така, лани се регистрирани 14,4 проценти повеќе патници во однос на 2008 година, а трендот продолжува и годинава, па во првото тромесечје автобуски превоз користеле четири отсто повеќе патници од истиот период минатата година. Затоа, пак, меѓународниот превоз бележи опаѓање од 14,6 проценти.

Како еден од најголемите и засега нерешливи проблеми со кои се соочуваат автобуските превозници е нелојалната конкуренција од диви превозници, кои со комбиња или приватни автомобили вршат јавен превоз без никаков возен ред, без да се плаќаат давачки кон државата, а притоа се нема никаква контрола кој, каде и за колку пари вози, со што се остварува финансиска добивка во која државата нема никаков увид. Работите почнуваат до некаде да се средуваат со заживување на примената на лиценците, но и со електронската распределба на автобуските линии во внатрешниот и во меѓународниот сообраќај.


#
Статијата е прочитана 524 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Клуч за два приватни универзитета?
Кој ќе ја наследи Еленовска во Советот
Дискриминираните ќе треба да си донесат и докази
Се подготвува стечај во ССМ
Владата пропагира лажна политика