Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Дискриминираните ќе треба да си донесат и докази

Едно од најлошите решенија во Законот за заштита од дискриминација е тоа што товарот на докажување паѓа врз лицето што е дискриминирано, што е сосема погрешно. Со тоа што доказите за дискриминираност ги доставува оној што поведува постапка, се нарушува основниот принцип за заштита од дискриминација, незадоволни се од невладиниот сектор. Со ваквите забелешки не се согласуваат од Министерството за труд и социјална политика, кои велат дека нема место за забелешки, бидејќи Законот е донесен во соработка со граѓанскиот сектор.

„Каков што беше процесот на донесување на Законот, таков е и резултатот во однос на Комисијата за заштита од дискриминација. Најлошо од се' е тоа што ако граѓанин сака да поднесе претставка, треба да спроведе сопствена истрага и да донесе докази и факти дека бил дискриминиран. Со тоа е нарушен основниот принцип на заштита од дискриминација. Секаде во светот не докажува оној што е дискриминиран, туку оној што е пријавен за дискриминатор и тој треба да докаже дека е невин“, реагира Кочо Андоновски од Хелсиншкиот комитет. На вчерашната конференција за составот и структурата на Комисијата за заштита од дискриминација организирана од ОБСЕ и од Министерството за труд и социјална политика, тој забележа и дека ова тело нема да биде достапно за сите граѓани. Комисијата, освен во Скопје, нема да има регионални канцеларии, иако најголемата дискриминација се прави токму во помалите средини.

Со забелешките не се согласува министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами.

„Не верувам дека би требало да има забелешки на начинот на избор на членовите на комисијата, затоа што и во Законот стои дека членовите на комисијата се избираат на тотално транспарентен начин и не верувам дека има добра причина за забелешки во тој дел“, вели министерот Бајрами. Поддршка доби и од претставникот на МТСП, Душко Миновски, кој вели дека комисијата ќе прави увид во фактичката состојба и во документацијата и ќе има обврска да го подготвува предметот за докажување.

Заменик-шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, Наталија Дрозд, истакна дека заштитата од дискриминација е едно од најважните човекови права и поради тоа е потребно не само законско решение туку и ефективна имплементација. Главната улога, нагласи Дрозд, ќе ја има токму Комисијата за заштита од дискриминација. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 469 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 07:36:48
Денес скоро сите кои не припаѓаат од партиите на власт се дискриминирани бидејќи во игра за места и вработувања се во игра само партиските војници , а да..и властитутките.Се намножија како стаорци во канализација.
Од: patalec
Датум: 22.06.2010 10:21:49
Pa toj Dusko od MTSP ne go smenija li ovie negovive koi prvicno go postavija na funkcija vo ova Ministerstvo. Dosta nego go gledame po televiziiive, valjda ima nekoj koj sto sega go nasledi, koj e toj, kade e i zosto dozvoluva ovoj da zboruva vo negovo ime. Inaku toj Dusko kolku sto znam mnogu se specijaliziral za diskriminacija, se sto ne e kako nego suplivo, podlizurko i beskicmenjak bilo diskriminirano od negova strana

Најди! во Утрински
Политика
Клуч за два приватни универзитета?
Кој ќе ја наследи Еленовска во Советот
Превозниците со издишени гуми
Се подготвува стечај во ССМ
Владата пропагира лажна политика