Владата пропагира лажна политика
ТЕТОВО - „Реториката на Владата има лажен лајтмотив: пропагира интеграција, а развива антиинтегрирачка политика“. Ова се оцените на централното претседателство со претседателите на разграноците на ДПА што вчера ги соопшти Рудина Шаќири, портпаролка на партијата.
„Владата треба да биде казнета од меѓународната заедница поради нејзината лажна политика. Тоа се докажува со блокирање на процесот на евроатлантските интеграции, влошување на меѓуетничките односи и економската криза на земјата“, нагласи Шаќири.
Според ДПА, Владата била позиционирана во спречување на сите процеси со арогантно одбивање на предлозите, кои се за доброто на Македонија. Притоа премиерот Никола Груевски тврдоглаво ја толерирал ситуацијата за нерешавање на спорот за името, иако тоа е главен услов за интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ.
„ДУИ е само вазален партнер на оваа коалиција, која молкум ги прифаќа диктатите што ги наметнува Груевски, а тие се само во интерес на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласува портпаролката на ДПА. (Г.Е.) |