Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

За блескавите мигови на македонскиот театар

Кон „Круна на подемот“ од Ристо Стефановски, новиот том од едицијата „Театарот во Македонија“

Витомир Митевски

Во издание на „Про литера“ од Скопје, неодамна се појави најновиот том на едицијата „Театарот во Македонија“ од нашиот еминентен театролог Ристо Стефановски. Целиот овој потфат заслужува посебно внимание затоа што се издвојува од овој вид публикации кај нас, не само по својот обем, туку и по богатството и вредноста на содржината што ја носи. На упатените во театарскиот живот во Македонија им е многу добро познат и авторот и неговото дело, па оттаму не е гола фраза ако речеме дека секоја негова книга се очекува со нетрпение и возбуда.

За оние, помалку упатените, ќе потсетиме дека се работи за необично амбициозен потфат кој има за цел да го претстави театарскиот живот во Македонија од самите почетоци во изминатите векови до нашето време. Во една серија од книги се обработуваат сите аспекти на сценската уметност на нашиве простори и тоа со навлегување во најситни подробности кои му се достапни и познати само на еден човек - живата театарска енциклопедија - како што Стефановски го нарекуваат неговите пријатели со нескриена почит.

Периодот на кој се однесува овој том (1980-1983 година) носи посебна назнака - „Круна на подемот“. Тоа бара посебно објаснение. Вистинскиот успех никогаш не доаѓа случајно. Така ни подемот на македонскиот театар во ова време за кој пишува Стефановски не е просто производ на некаква неочекувано поволна констелација на состојбите. Доколку се осврнеме на она што му претходеше на тој подем, а авторот на овие редови е непосреден сведок токму на засилената активност што се одвиваше во нашиот театар кон крајот од седумдесетите години на минатиот век, тогаш многу нешта стануваат јасни и разбирливи.

Треба да истакнеме дека иако подемот во поднасловот не се врзува исклучиво за една театарска куќа, сепак од изложеното е видливо дека тука доминантна улога има Драмскиот театар во кој Стефановски беше многу години директор. На тоа потсетуваме со намера да истакнеме дека тој се јавува како стожерна фигура и еден вид спиритус мовенс. Несомнено е дека во тоа време кај нас се создадоа објективни услови кои овозможија напредок. Се оформи поголема група на млади и амбициозни актери кои гореа од желба да се докажат во својата професија, постапно се издвоија и режисери кои знаеја што сакаат, се појавија и домашни драмски автори без чии текстови не би имале вистински македонски театар. Меѓутоа, сето тоа можеби немаше да дојде до полн израз доколку не се појави човек кој ќе ги поврзе во едно сите тие поволности и така ќе овозможи да се дојде до особени уметнички резултати. Таков човек доби Драмскиот театар во својот директор Ристо Стефановски. Тој самиот многупати скромно ја има истакнувано својата улога споредувајќи го театарскиот живот со поток, а себе си со човек кој ги трга камчињата од водотокот за да може водата полесно да тече. Но, тоа е малку да се рече. Тоа отворање на вратите на успехот е производ на осмислен и истраен ангажман.

Осврнувајќи се на четирите години што се предмет на обработка би ја истакнале 1980 во која од една страна се издвојува успехот на Драмскиот театар со цела низа успешни претстави каде што кулминира „Диво месо“ со триумфот на театарскиот фестивал Стериино позорје во Нови Сад. Наспроти тие успеси авторот на книгата во својот дневник ја бележи кризата на Македонскиот народен театар, посебно Драмата. Не е подобра состојбата и со другите театри во внатрешноста. Општо земено, истото важи и за следната, 1981 година.

Во 1982 година значен театарски настан е пробното отворање на долго очекуваната нова зграда на Македонскиот народен театар. Сам по себе, тоа е настан од вонредно значење за македонскиот театар и култура воопшто. Меѓутоа, позитивните впечатоци се измешани со многу недоумици. Во изведбата на зградата и на сложената сцена направени се многу технички пропусти, трошоците за одржување на целиот објект се огромни. Се поставува прашањето: дали воопшто ни беше потребен ваков мегаломански театарски објект? Како индиректен одговор на прашањето се споменува издвојувањето на Драмата и нејзиното враќање во старата монтажна зграда која бара нови трошоци за реновирање...

Во меѓувреме, се јавува уште еден успешен театарски проект, претставата „Еригон“, со која Драмскиот театар повторно освојува награди на театарските фестивали низ тогашна Југославија. Тоа е уште еден доказ дека за успешен театарски проект е многу поважен човечкиот фактор одошто спектакуларна техничка логистика.

Во 1983 година, во свечен амбиент се прикажува „Макавејски празници“, првата драмска премиера на новата сцена на МНТ. Сепак, впечаток е дека публиката проследила демонстрација на техничките можности на новата сцена наспроти очекуваниот театарски настан.

Без намера да навлегуваме во детален опис на богатата содржина што го донесува оваа книга, ќе одбележиме дека целиот материјал е обработен со една стандардна методологија која е веќе од порано развиена. Покрај најзначајните театарски настани што беа споменати, Стефановски совесно и детално ги проследува сите пројави на сценскиот живот во Македонија како во Скопје така и во внатрешноста, не запоставувајќи ја и аматерската сцена.

Основната одлика на пристапот е настојувањето да се остане објективен и тогаш кога тоа е мошне тешко. Со тоа целата едиција се наложува како документ за театарскиот живот во Македонија со голема вредност.


#
Статијата е прочитана 380 пати.

Испрати коментар

Од: Elena L.
Датум: 23.02.2011 13:03:06
Vitomire dragi, ne preteruvaj. I drugi ludje imaat zaslugi za makedonskiot teatar. Risto ne e celiot teatar vo makeodnija. Malku merka!
Од: redovna citatelka
Датум: 23.02.2011 17:00:14
Tokmu deka ima mnogu da se kaze za nasiot teatar, treba da sme blagodarni na sekoj sto ke ostavi traga! Da gi nadmineme ''falinkite'' vo nasiot mentalitet, da gi izvadime na videlo dobrite osobini!
Од: Tespis
Датум: 23.02.2011 18:26:05
sakas da reces i ti imzs ,neli?...
Од: Teatron
Датум: 24.02.2011 00:27:55
Апсолутно се сложувам со Елена Л. За следните генерации истражувачи ќе има белким доста работа да се копа и како тоа дотичниот господин така лефтерно доаѓал до фунциите, успесите, заслугите, па на крајот и правото да се пишува, препишува или отпишува некаква театрографска историја.

Најди! во Утрински
Култура
„Блесок“ промовираше два романа од Сибила Петлевски
Препознавам деконструкција на туѓи програми
Висечките Европејци во скопски „Рамстор“
Стража
Проекција на филмот „Остров“ во „Галерија 7“
Врачена наградата „Прозни мајстори“ на Трајче Кацаров