Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

„Блесок“ промовираше два романа од Сибила Петлевски

Мултимедијалниот перформанс „Од во празно“ на Сибила Петлевски и Давид Газаров, кој македонската јавност имаше можност да го проследи завчеравечер во Клуб ресторанот МКЦ, е составен од три компоненти: симфониска поема изведена од компјутерски и видеокомпилации на Давид Газаров, како и поезија, која во живо ја изведува Сибила Петлевски.

Издавачот на двата романа на Петлевски, „Блесок“ предвиде и промоција на истите и притоа беше воден разговор со авторката. Романот „Мојот Антонио Дијаволо“ е објавен со поддршка на Програмата за култура на Европската унија и Министерството за култура на Република Македонија, а романот „Време на лаги (Табу I)“, добитник на најпрестижната хрватска награда - Годишната книжевна награда „Т-портал“ за 2010 година, е објавен со поддршка на Министерството за култура на Република Хрватска.

И двата романа од хрватски ги преведе Игор Исаковски, кој на промоцијата ќе разговара со Сибила Петлевски.

Романот „Време на лаги“ од Сибила Петлевски е пр�� дел од трилогијата „Табу“ и најново прозно остварување на Петлевски. Во него авторката пишува за Виктор Тауск, една од најинтересните личности на хрватската модерна. Преку животната судбина на тој заборавен писател, правник и психоаналитичар, кој меѓу другите се дружел со Сигмунд Фројд и и' бил љубовник на femme fatale од виенскиот fin de siecle, Лу Саломе, Сибила Петлевски создава исклучително возбудлива трилогија во која се преплетуваат сегашноста и почетокот на 20 век, Првата светска војна, шпионски афери, теми за сексуалноста и феминизмот, сите прашања што ги отворила виенската модерна и кои до денес не престануваат да бидат клучни за разбирањето на современиот човек. „Пишувам за теми кои во почетокот на 20 век биле табу, а ниту денеска не се апсолвирани“, вели Сибила Петлевски. Тоа се сексуалноста, верата, хипокризијата, науката, општеството. Таа додава дека „романот ’Време на лаги‘ претставува некрографија, односно жанр, кој претставува радикално одрекување на една биографија и идентитетска вистина. Романот е тој што говори за нас денеска и за тоа како Хрватска учествувала во перверзиите и општествените опачини на 20 век и како го прави тоа денес“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 288 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Препознавам деконструкција на туѓи програми
Висечките Европејци во скопски „Рамстор“
Стража
Проекција на филмот „Остров“ во „Галерија 7“
Врачена наградата „Прозни мајстори“ на Трајче Кацаров
За блескавите мигови на македонскиот театар