Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Стихови и плакати во чест на Сезeр

Во рамките на актуелната меѓународна манифестација посветена на книгата „Читаме и празнуваме“ што се одржува во над 150 земји во светот, вчера во во НУБ „Св. Климент Охридски“ беше отворена изложба на плакати и е одржано литературното читање во чест на истакнатиот франкофонски поет и политичар од островот Мартиник, Еме Сезер, кој почина на 17 април годинава. Манифестацијата коинцидира со актуелното одржување на Самитот на франкофонските земји (Квебек, Канада), каде свои претставници има и Македонија како земја членка.

За ликот и делото на Еме Сезер (1913 -2008), омаж одржа проф. Лилјана Тодорова, нарекувајќи го авторот поетски гениј и драмски писател на франкофонската литература на 20 век и политичар. Тој, 56 години од својот животен век бил градоначалник на Фор - де Франс (1945 -2001), 48 години, пратеник во Националното собрание на Франција(1945-1993).

„Паралелно со тие активности на хуманист, решителен антиколонијалист, промотор на африканската самосвојност и култура и на африканската составка на идентитетот на своите Антилци, Сезер ќе развие едно импозантно книжевно дело на поет, есеист и драмски писател “- рече меѓудругото Тодорова, говорејќи со неизмерна почит кон неговиот лик и дело. Како хуманист и борец за слободен развој на културите вредности на своите сонародници и за признавање на нивниот идентитет и јазик од кој црпел бројни африканизми, Сезар стекнал голема слава и во 1982 бил награден со престижната француска „Гран При национал“, за својот поетски опус. (К.Б.)


Статијата е прочитана 57 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Почина Фазил Хисни Дагларџа
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Бразилска босанова и норвешки џез
„Тапани во ноќта“ гостува на МЕСС
Филмот „Созерцание“ ќе го скрши мразот во Скопје
Одличен прием на „Мир на сите“ во Русија