„Тапани во ноќта“ гостува на МЕСС
Хит-претставата на Прилепскиот театар, „Тапани во ноќта“ од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, во недела гостува на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево. Покрај на овој реномиран фестивал кој спаѓа во редот на најважните фестивали на просторите на поранешна Југославија, „Тапани во ноќта“ гостува и во Зеница, на 22 октомври, по што следи претставувањето во Подгорица, на 24 октомври, во Народно црногорско позориште. (Л.М.) |