Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Американците навредени од Карзаи

Преку американскиот амбасадор стигна предупредување дека критиките на Запад не се добредојдени

Американскиот амбасадор во Кабул, Карл Ајкенбери, испрати прикриено предупредување до авганистанскиот претседател Карзаи дека неговото критикување на Запад би можело да го загрози останувањето на американските сили и финансиската помош што се од клучно значење за опстанок на авганистанската влада.

Ајкенбери во својот говор на авганистанскиот универзитет Херат, рече дека коментарите „на некои авганистански лидери“ ги гледа како „штетни и несоодветни“, јави Ројтерс. Иако Карзаи не беше директно спомнат, неговиот говор очигледно е конципиран како одговор на низата критики на западните сили во Авганистан и дипломатските притисоци што во последно време ги изнесуваше авганистанскиот претседател. Така Карзаи неодамна предупреди дека странските војници ризикуваат да бидат видени како окупатори поради многубројните колатерални цивилни жртви што ги предизвикуваат. Освен тоа, го обвини Запад дека ја загадува неговата земја со употреба на оружја што содржат токсични хемикалии.

Поради тие коментари Ајкенбери се најде навреден: „Кога ќе слушнеме дека не' нарекуваат окупатори, нашата гордост е повредена, па поради тоа ги губиме мотивот и инспирацијата да продолжиме“.

Иако се' уште не е познато дали американската војска ќе остане во Авганистан и по завршувањето на годинава, постојат индиции дека авганистанската влада „ќе ги повика“ уште малку да им помогнат во стабилизирањето на земјата. Се предвидува дека авганистанските власти ќе ја воспостават целосната контрола врз безбедноста дури во 2014 година, па Ајкенбери предупреди дека американската помош на Авганистан нема да биде бесконечна и безрезервна доколку се продолжи со потценување на американските жртви, во вид пари и животи на војници. „Во момент кога вашите лидери мислат дека правиме повеќе штета отколку корист, а особено со оглед на тешката состојба на нашата економија, американскиот народ ќе сака враќање на своите војници дома“, заклучи американскиот амбасадор. (Индекс.хр)


#
Статијата е прочитана 621 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 21.06.2011 10:12:16
Dali ima nekoj videno pogolemi gadovi od amerikancive. Go opljackaa i potepaa se zivo vo Avganistan i sega ako nekoj gi kritikuva tie se navredeni.

Најди! во Утрински
Свет
Турција и' пркоси на ЕУ
Медведев нема да му биде ривал на Путин
Зошто ЕУ ги затвора очите?
Хосни Мубарак е болен од рак
Либијци гинат поради дефект во системот на НАТО
Белград и Приштина се договараат усно

"""