Белград и Приштина се договараат усно
Приштина - Претставниците на Белград и на Приштина нема да потпишат никаков договор за тоа што ќе се договорат за време на дијалогот, а двете страни само политички ќе се ангажираат да ги исполнат преземените обврски, објави косовскиот веснбик „Коха диторе“ повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел.
„Нема да има потпишан договор бидејќи сите земји-членки на ЕУ, како и Србија не го признаваат Косово како држава и субјект, кој може да потпишува договори“, посочува „Коха диторе“.
|