Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Медведев нема да му биде ривал на Путин

Натпреварот меѓу нив за иден претседател на Русија би можел „да биде опасен“

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека „му е тешко да замисли“ оти тој и премиерот Владимир Путин меѓусебно ќе се натпреваруваат на претседателските избори закажани за следната година. Натпреварот меѓу нив, вели тој, би можел „да биде опасен“.

Но, зборувајќи за „Фајненшел тајмс“, Медведев одби да потврди дали ќе се кандидира за втор мандат. Тој пред новинарите изјави дека „е апсолутно несоодветно“ тоа дека постои се' поголемо ривалство меѓу нив.

Коментарите на претседателот беа полни со мешани пораки, јавува дописникот на Би-Би-Си од Москва. На прашањето за време на интервјуто дали има намера да се кандидира за втор мандат во Кремљ, рускиот претседател рече: „Секој лидер што ја извршува функцијата претседател едноставно мора да се кандидира“. Но, додаде - друго прашање е дали тој „ќе ја донесе оваа одлука или не“.

Тој изгледа ја отфрли можноста да се кандидира против Путин ако премиерот се одлучи да поднесе своја кандидатура. „Владимир Путин и јас - Владимир Путин е мој колега и стар пријател - претставува, во голема мера, една и иста политичка сила. И затоа натпреварот меѓу нас би можел да биде штетен за (нашите) задачи и цели“, изјави тој за „Фајненшел тајмс“.

Медведев ги повтори своите ветувања за модернизација на земјата и изјави дека ова е зависно од проширување на политичката конкуренција. Тој предупреди дека „во отсуство на политичка конкуренција, основите на пазарната економија почнуваат да исчезнуваат“. Навести ревидирање на некои политички централизации и државна контрола на економијата што беше ставена на сила во времето на Путин. „Во некои земји постои успешна коегзистенција на економии ориентирани кон пазарот и ограничена политичка конкуренција“, рече тој. „Тоа не е за нас“.

Во последните неколку месеци претседателот Медведев беше покритичен кон неговиот премиер, јавува дописникот на Би-Би-Си во Москва. Меѓутоа, додава дека Путин е тој што во голема мера се смета за најмоќен политичар во Русија, и повеќето аналитичари веруваат дека Путин ќе биде тој што ќе треба да одлучи кој од нив ќе ја претставува партијата на власт на претседателските избори закажани за следната година. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 606 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Турција и' пркоси на ЕУ
Зошто ЕУ ги затвора очите?
Американците навредени од Карзаи
Хосни Мубарак е болен од рак
Либијци гинат поради дефект во системот на НАТО
Белград и Приштина се договараат усно

"""