Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Либијци гинат поради дефект во системот на НАТО

Цел била ракетна база во Триполи, но „изгледа дека едното оружје“ не ја погодило

НАТО призна „дефект на системот за оружје“, што, најверојатно, доведе до цивилни жртви во воздушниот напад изведен во неделата изутрината врз либискиот главен град Триполи. Алијансата соопшти дека нејзина цел била ракетна база, но „изгледа дека едното оружје“ не ја погодило. Либиските власти претходно соопштија дека НАТО бомбардираше резиденцијална област, притоа убивајќи деветмина цивили, вклучувајќи две бебиња.

Во меѓувреме, лидерите на бунтовниците изјавија дека нивната администрација останува без пари бидејќи ветувањата на донаторите не се материјализирани. Тие на конференцијата за печатот во источниот град Бенгази наведоа дека се' уште ги чекаат финансиските средства што требаше да бидат депонирани минатата недела.

НАТО ја спроведува резолуцијата на ОН за заштита на цивили во Либија. Меѓутоа, во неделата вечерта командантот на операцијата „Обединет заштитник“, генерал полковник Чарлс Баушард изјави: „НАТО жали за загубата на невини цивилни животи и обрнува големо внимание во спроведувањето на нападите против режимот што е одлучен во намерата да користи насилство против сопствените граѓани. Иако се' уште ги утврдуваме подробностите во врска со овој настан има индикации дека дефект на системот за оружје најверојатно го предизвикал овој инцидент“. Во соопштението се наведува дека повеќе од 11.500 борбени летови се веќе изведени и „секоја мисија се планира и изведува со огромно внимание за избегнување на цивилни жртви“.

Дописникот на Би-Би-Си во Триполи јави дека инцидентот може да постави прашања за тоа што НАТО постигнува во Либија - а не, пак, членовите на НАТО што никогаш не се согласија со оваа операција. Нападот што се случи во неделата, во една до најсиромашните населби во главниот град, се случи кратко време по полноќ, изјавија либиски официјални лица. Тие наведоа дека девет лица се убиени, вклучувајќи и две бебиња, а уште 18 други повредени. Не беше возможно да се добие независна потврда на оваа информација.

Дописникот на Би-Би-Си кој беше однесен до местото на настанот од страна на официјални владини претставници, беше сведок на извлекување на две тела од под урнатините. Голем број мажи им помагале на службите за итна помош, расчистувајќи ги урнатините и трагајќи по тела. Потоа дописникот на Би-Би-Си беше однесен во болница во Триполи каде му биле покажани мртви тела на двајца мажи, жена и две бебиња, за кои владини официјални лица посочија дека биле убиени во нападот.

Либискиот заменик министер за надворешни работи, Калед Каим, изјави дека инцидентот претставува „намерно гаѓање на цивилни куќи“. Инцидентот се случи кратко време откако НАТО „изрази жалење за каква било можна загуба на човечки животи“ од неочекуваниот воздушен напад врз колона бунтовници во близина на градот Брега, во кој има рафинерија за нафта, а се случи во четвртокот. Портпаролот на бунтовниците изјави дека треба да му служи на чест на НАТО тоа што ја призна грешката.

Мисијата на НАТО - да ја спроведе зоната на забранети летови врз Либија за заштита на цивили со употреба на „сите неопходни мерки“ со други зборови копнена инвазија - почна во март како одговор на насилниот одговор на полковникот Моамер Гадафи на народното востание. Интервенцијата го имаше мандатот од ОН, и беше предводена од Франција, Британија и САД се' до крајот на март кога НАТО ја презеде контролата. Откако првично му беа дадени 90 дена - кои истекуваат на 27 јуни - мисијата е продолжена за уште 90 дена.

Бунтовниците контролираат третина од Либија на Исток и делови на Запад, вклучувајќи ја и Мисрата, иако Триполи и натаму останува под контрола на владините сили. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 540 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 21.06.2011 02:19:07
Drugite drzavi koj ne se clenki vo N.A.T.O. treba da se dignat protiv ovie ubici ovie poludele.ili go trochat staroto oruzje da pravat novo da imaat rabota
Од: Buntovnik
Датум: 21.06.2011 10:15:15
Libici ginat zatoa sto najganite ubici(predsedateli) fasisti na Evropa se na vlast. Tie se tolku glupavi , trebase da dojde onoj crniot da im kaze kade e Libija. Zemja koja e 10 pati podobra od ova ganstersko gnezdo na pataloski nezdravi luge.

Најди! во Утрински
Свет
Турција и' пркоси на ЕУ
Медведев нема да му биде ривал на Путин
Зошто ЕУ ги затвора очите?
Американците навредени од Карзаи
Хосни Мубарак е болен од рак
Белград и Приштина се договараат усно

"""