Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Турција и' пркоси на ЕУ

Анкара соопшти дека повеќе нема да ги прифаќа препораките на ЕУ за турските внатрешни прашања

БРИСЕЛ – Турскиот амбасадор во ЕУ, Селим Кунералп, во интервјуто дадено во петокот за ЕУ Обзервер, изјави дека најголем постизборен приоритет на премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе биде да формулира „модерен, либерален“ устав. Но, поради проблемите во разговорите за влез во ЕУ, Брисел нема да има голема улога во проектот, додаде тој.

„Препораките на Европската комисија ќе бидат земени предвид до таа мера што рефлектираат универзални норми. Како, на пример, смртната казна (што Турција ја укина во 2004 година). Без разлика дали сакате или не да и' се приклучите на ЕУ, добра работа е да се укине смртната казна. Но, во отсуство на јасна перспектива за прием, нема причина зошто Турција да ја изедначува својата легислатива кон ограничените ЕУ-стандарди. Или, поедноставно кажано, ЕУ ја загуби својата сила во однос на Турција“.

Една од загриженостите на ЕУ е тоа што Ердоган ќе ги зголеми претседателските овластувања и ќе се кандидира за претседател во 2014 година, носејќи ја Турција во авторитарна насока. Но, ЕУ не ќе има што да каже ако се реализира тоа сценарио. „Дури и ако се префрламе во претседателски систем, има најмалку една европска држава која веќе има таков устав. И јас не знам дека некој и кажува на Франција дека тоа не е според европските стандарди“, објаснува Кунералп.

Разговорите за влез на Турција всушност се сопрени кон крајот на 2010 година кога комисијата одлучи да не го отвора поглавјето за конкуренција во услови на опозиција од неколку ЕУ земји.

Амбасадорот изјави дека потегот остави „горчлив вкус во устата“ и дека Турција нема доверба во намерите на ЕУ да го оживее процесот: „На луѓето во Анкара им е дојдено преку глава. Тие направија секакви обиди да ја задоволат комисијата. Но, колку повеќе материјал им дававме, тие повеќе бараа“.

Кунералп изјави дека е убеден оти ЕУ ќе ја преживее должничката криза. Но, ја опиша Унијата како вознемирена од нејзините финансиски проблеми и дека нема стратегиска визија и доследност во нејзината надворешна политика.

ЕУ-земјите за време на викендот се обидуваа да и' помогнат на Грција, противник на влезот на Турција, да избегне банкрот и амбасадорот забележа: „ЕУ не е во позиција да изврши дополнителен притисок врз Грција... да и' каже на Грција дека троши 4,1 процент од БДП на одбрана, но дека ако Турција е членка на ЕУ, таа би можела да прекине со третирање на Турција како потенцијална закана“.

Тој прогнозира дека внатрешните поделби ќе го попречат неодамнешниот обид на ЕУ комесарот за надворешна политика Кетрин Ештон да ги рестартира блискоисточните мировни разговори. Осврнувајќи се на израелскиот напад врз флотилата што се движеше кон Газа минатата година, тој искоментира дека од седум ЕУ земји во Советот на ОН за човекови права во Женева, едни ставија вето врз резолуцијата за флотилата, втори гласаа „за“, а трети беа воздржани. „Сигурен сум дека ако имаше и четврта опција, некои од земјите членки ќе ја прифатеа“, изјави тој. „ЕУ треба да прифати заедничка позиција кон Блискиот Исток ако сака да го пренесе своето влијание како ЕУ наместо како индивидуална земја членка“.

Во однос на турската надворешна политика, Анкара е рамнодушна на загриженостите на Запад дека е премногу близу до Иран. „Лесно е за некој кој седи во Вашингтон да мисли оти е непогрешлив околу Иран како закана. Но, Иран е наш сосед... мора да разговараме со Иран и мора да тргуваме со Иран“, изјави Кунералп.

За Сирија, тој забележува дека Турција ја дели позицијата со ЕУ дека Дамаск мора да спроведе продемократски реформи. Но, тој одби да ја поддржи нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во која се осудуваат убиствата и се повикува на ембарго на оружје. „Турскиот премиер изјави дека меѓународната заедница ќе треба да биде инволвирана ако масакрите во Сирија продолжат...но, ние не бевме консултирани за каква било можна резолуција на УНСБ и не можам да коментирам кој курс на дејствување би го преферирале“.

Амбасадорот изјави дека Турција, исламска земја, е „извор на инспирација“ за муслиманите во регионот поради нејзината силна демократија и економски развој. Тој изјави дека мала е веројатноста оти илјадниците сириски бегалци во југоисточна Турција ќе станат база за сириската опозиција, меѓутоа: „Тие не се народ кој би очекувале да стане активно инволвиран во опозиција. Тие се главно само фармери кои бегаат од владините акции“.

И покрај извештаите дека локални Турци носат храна и ќебиња во бегалските кампови, спротивно на италијанското непријателство кон северноафриканските емигранти, Кунералп додава: „Воопшто не изненадува тоа што турскиот народ чувствува поголема загриженост отколку Италијанците во Лампедуза. Сиријците се наши непосредни соседи. Постојат блиски врски – во некои случаи и семејни врски – меѓу народите од јужна Турција и северна Сирија. Постои природна симпатија меѓу нив“. (ЕУ обз��рвер)


#
Статијата е прочитана 1078 пати.

Испрати коментар

Од: od turist
Датум: 21.06.2011 12:36:03
Evropa i taka propaga.....Sto bara Turcija vo Evropa,koga ekonomski e super!!!
Од: jimmy1
Датум: 21.06.2011 16:33:42
Taka i treba za tie evropski birokrati. Turcija ne e Makedonija samo da vika AMIN za sve i sesto. Neka nasite zemat primer od Turcija i da ne prifakaat nikakvo uslovuvanje.

Најди! во Утрински
Свет
Медведев нема да му биде ривал на Путин
Зошто ЕУ ги затвора очите?
Американците навредени од Карзаи
Хосни Мубарак е болен од рак
Либијци гинат поради дефект во системот на НАТО
Белград и Приштина се договараат усно

"""