Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Зошто ЕУ ги затвора очите?

Се замижува пред работа на деца, сечење прашуми во Бразил или фрлање токсичен отпад во Африка

Во неговата мала канцеларија британскиот службеник во Европската комисија, Томас Дод, ретко има посета. На неговата работна маса има голем број каталози од меѓународни концерни, а најгоре стои едно списание од „Американ тобако“. Дод веднаш го трга магазинот, изгледа му е непријатно. Тоа се подразбира оти тој работи во одделот што воведува правила за европските претпријатија и нивната социјална и еколошка одговорност во светот, во генералната дирекција за претпријатијата и индустријата при Европската комисија во Брисел. Како да им се воведат правила на оние што мора да се справат со конкуренцијата од Кина или од Индија за да обезбедат работа и благосостојба за 500 милиони жители од ЕУ?

Томас Дод, службеник од Дирекцијата за претпријатија и индустрија при Европската комисија во Брисел, вели: „Претпријатијата денес имаат голем придонес за развојот на послабите држави при справувањето со сиромаштијата и во поглед на човековите права. Мислам дека повеќето претпријатија секако работат одговорно, а особено големите претпријатија во меѓувреме имаат професионален и иновативен пристап кон ваквите проблеми“.

Се среќаваат и поинакви случаи, но тие се исклучоци.

„Луѓето во земјите во развој, кои се оштетени од некои европски фирми, треба да имаат пристап до европските судови. Моментално, во тој поглед има голема правна дупка, а тоа значи дека овие претпријатија може да ја избегнат нивната социјална одговорност. Генерален проблем е тоа што сега е 21 век, а нашите закони се' уште се од 20 век“.

Каков е ставот на ЕУ по тоа прашање, појаснува одговорот на членот на Европската комисија, Томас Дод:

„Најпрво засегнатите држави, секако, самите мора да се погрижат за тоа криминалните претпријатија да сносат одговорност. Тоа не е секогаш едноставно. Затоа ЕУ во тие земји често дава помош за развој и помага при изградбата на функционален владин и правен апарат“.

Дод вели декa покрај тоа, кривичните закони не се во надлежност на Европската унија, а исто така и земјите-членки не сакаат да направат промени во тој поглед. ЕУ има двоен морал, смета пратеникот од Партијата на зелените, Свен Гиголд. Според него, прокламираните морални вредности се спротивни на постапувањето во реалноста:

„Последиците за Европската унија се голема штета за засегнатите луѓе, како и за веродостојноста во светот“.

Но, сепак има надеж. На 13 јули Европската комисија ќе објави документ со нова стратегија за одговорноста на претпријатијата, а до крајот на годината ќе претстави предлог-закон, според кој претпријатијата во иднина ќе мора да дадат детален извештај за социјалните и за еколошки последици од нивните дејности во трети земји. Тоа е можеби само почеток. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 931 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 21.06.2011 16:07:57
Zatoa sto lakomiot gaz e tolku golemo otvoren pa im gi zatvara ocite
Од: robin hud
Датум: 21.06.2011 19:03:48
kolku licemeri ima vo svetot,demek se borat za necii prava i slobodi a od druga strana gazat po decjite snista i im go upropastuvaat detstvoto,decata se najmalku vinovni sto se rodile vo ovoj surov svet,neka ne im gi secat kriljata.

Најди! во Утрински
Свет
Турција и' пркоси на ЕУ
Медведев нема да му биде ривал на Путин
Американците навредени од Карзаи
Хосни Мубарак е болен од рак
Либијци гинат поради дефект во системот на НАТО
Белград и Приштина се договараат усно

"""