Хосни Мубарак е болен од рак
Каиро - Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак е болен од рак, соопшти неговиот адвокат.
Тој се повика на конзилијарно мислење на лекари што направиле детален преглед на здравствената состојба на Мубарак за да утврдат дали тој е во состојба да биде изведен пред суд. Обвинет е дека ја злоупотребил власта и наредил да бидат убиени демонстранти. Процесот против него треба да почне на 3 август. |