Филм на Владимир Боцев награден во Белград
Етнолошкиот филм „Ниту ќе го продолжи ни ништо“ на етнологот Владимир Боцев ја освои наградата на публиката на XIX Фестивал на етнолошки во Белград, одржан од 14 до 18 октомври. Продуцент на филмот прикажан во официјална конкуренција е Музеј на Македонија, а кустос советникот Боцев од Етнолошкиот музеј е автор на сценариото, на режијата и на камера.
Во филмот е прикажан единствениот занаетчија во Битолската чаршија како и денес го изработува единствениот занаетчиски производ. „Станува збор за посветеноста и исполнетоста што ја чувствува занаетчијата – уметник, во текот на процесот на создавање“, вели Боцев, не сакајќи во оваа пригода да открие за каков производ станува збор. (К.Б.) |