Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Култура

Јагода Михајловска-Георгиева:

Имам книги „љубови за сите времиња“

Најчесто паралелно читам по неколку книги, а во моментов одвај две. Обете се збирки раскази: „Мобилен“ од германскиот писател Инго Шулце (издание „Блесок“) и „Две перници“ од Оливера Ќорвезировска. Вторава наскоро ќе биде објавена од „Три“ и имав привилегија да ја „ѕирнам на парче“ во ракопис. Краткиот расказ ми е голема љубов, и за читање, и за пишување. А, збирките на Шулце и Ќорвезировска ми ја возвратија љубовта, што ме прави радосна како да сум добила скапоцен подарок...Па, и сум добила.

Читањето веќе од��мна не го „водам под фајлот“ - желба. Најблиску ми е да го споредам со дишењето, или пиењето вода. А, навиката за читање ја носам, изгледа преку гените. Моите дома, баба ми, дедо ми, родителите, сите беа читачи и расказувачи, поети и анонимни писатели. Во раното детство и младост не читав, ги голтав книгите сосе коски. Сега сум повнимателна.

Имам книги „љубови за сите времиња“. Ги препрочитувам и ги препорачувам каде стигнам. Еве неколку од нив: збирките раскази „Продавница на тајни“ од Д.Буцати, „Премногу често заминуваш во Хајделберг" од Х. Бел, романот „Богот на малите нешта“ од Арундати Рој, сите, без исклучок сите дела на Маргерит Дирас, „Малиот принц“ од Егзипери...


#
Статијата е прочитана 741 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Одлична посетеност на „Браќа Манаки“
Вториот живот на винилот
Викенд-ноќи полни со џез
Гласилото на Институтот „Данте Алигери“ со нов лик
Филм на Владимир Боцев награден во Белград
Регионална работилница за дигитизација на наследството
Второ издание на „Дваесет и првиот“ од Османли






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency