Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Култура

Повеќекатна Америка

Вториот живот на винилот

Грамофонската плоча се докажа како жилав и достоен противник на дигиталниот монструм

Велибор Педевски

Види што ти значи „рефлекс“. Секогаш кога по улиците на Менхетен ќе перципирам некој од двокатните црвени туристички автобуси, инаку составен дел од традиционално британскиот фолклор, навира трагикомична идеја: еден ден некој да го освежи, ако не и револуционира менито на туристичкиот водич со воведување на тура под наслов „Ископините на дискографската индустрија“. Еден дел од семејството може да оди во потрага по некогашните дискографски империи, компании како „Blue Note“, „ Columbia“, „ Warner Brothers“, или „ Polygram“, додека другиот би ги барал рушевините на мега продавниците за плочи, од „Tower“, преку „Sam Goodies“, „ HMV“ па се' до „ Virgin Megastores“.

Историјата на оваа планета не познава друг пример на речиси инстантна егзекуција на една од најмоќните индустрии на 20-от век, особено ако се земе предвид фактот дека на нејзината изградба се работеше речиси цело едно столетие. Само до пред 15-20 години дискографската индустрија се сметаше за една од петте најмоќни во светот. Се чинеше дека само небото може да претставува лимит за нејзиниот незадржлив подем. Едноставната пропорција беше „повеќе луѓе на планетава значи и поголеми тиражи на плочи“.

Во прилог на оваа едноставна математика и одеше и визионерската слика на Marshall McLuhan, кој уште во 1964 година предвиде дека во многу скорешна иднина светот ќе се претвори во „глобално село“ (книга: „Разбирање на медиумот“.) За жал, McLuhan почина во 1980 година, само деценија пред експлозијата предизвикана од технолошкиот бум, не доживувајќи да стане сведок на новото и радикално изменетото толкување на тој негов изум наречен „глобално село“, метафора која денес се употребува за да се опише интернетот (World Wide Web).

Парадоксално, токму интернетот и подемот на ерата на комуникација се покажаа како џелат што практично со еден замав на секирата му ставија крај на тој моќен и навидум неприкосновен гигант на минатиот век. Како се вика џелатот? Па тоа може во зададен ден да биде „YouTube“, а таа иста функција може да ја изврши и „Torrent“. Секој што денес троши пари на купување ЦД, или винил (плоча) веројатно се смета за нетокму. Практично секоја музика е достапна на интернет за џабе.

Токму тука лежи никулецот на денешната тема. Велат дека единствено стаорецот и бубашвабата ќе преживеат евентуална нуклеарна катаклизма (во Њујорк ќе ви речат дека на листата на најотпорните мора да се впише и таканаречената „креветна болва“ (bed bug), најмоќниот психолошки терорист во градот во последниве неколку години. Не само тоа, туку тој мистериозен мал натрапник е наводно 300 пати поотпорен од исконските несакани домашни животинки. Кон нив јас би додал уште еден жилав играч, што, еве, веќе 25 години постојано успешно ја ескивира острицата на џелатскиот модус операнди. Класичната винилка, ЛП или едноставно речена плоча. Во целата оваа трагедија и со неповратната смрт на физичкиот музички продуцт (ЦД, аудио/видео касета,…), класичната црна тркалезна пластика со дупче во центарот како здодевен коров им оддолева на сите брутални удари и неприродни непогоди што ја доведоа на коленици дискографската индустрија и современата музика воопшто.

Нема сомнение дека аналогната технологија одамна ја загуби војната во надмоќната дигитална ера. Сепак, сведоци сме на една аномалија, предизвикана од сега веќе докажаната отпорност/неуништивост на аналогното црно парче на пластика. Гледајќи во педантната статистика, минатата година само во Америка се продадени два и пол милиони лонг-плејки, дури 600 илјади повеќе отколку во 2008 и маркантен пораст од цели еден миллион и шесто илјади во одност на 2007. Да бидеме начисто, ова се само Мики Маус бројки, што во светот на музичката индустрија учествува со микроскопски два проценти од целокупниот музички пазар. Сепак, факт е исто и дека овие статистички податоци укажуваат на тоа дека во 2010 здравствената ситуација на винилот е подобра од било која од последните 20 години. Статистика вредна на подетален преглед, како и статистика што може да се набљудува и како феномен на враќањето на винилот (можеби низ споредна врата).

Сферите на техно и хаус музиката со години ја играа улогата на Сизиф во спасувањето на винилот од истребување. И денес е тоа така, зашто невозможно е било кој сериозен диџеј да го негира уникатниот ритуал на спуштање винилка на антологискиот и ненадминат грамофон Technics SL 1200. Диџеј со iPod, CD player или лаптоп пред него? Не, благодарам.

Но, една друга група на hardcore манијаци на совршениот звук во последно време дава сериозен придонес во тој бавен, но непрекинат втор живот на винилот. Реиздавањето на наслови од златната ера на класичниот џез зема толкав замав што стана невозможно таа јасна тенденција да се негира како несуштинска појава во капиталистичката економија. Две мали компании за печатење на винил, предводени од двајца вистински ентузијасти и следбеници на култот на винилот како топол (хуман) супериорен звучен квалитет во однос на студениот, испрекинат дигитален монструм, ��аправија обид на иновативен начин не само да го одржат сеќавањето на таа златна ера од развојот на џез музиката (50-ти и 60-ти години од минатиот век), туку и да ги задоволат апетитите и очекувањата на оние најтврдокорни хајфомани.

Music Matters Jazz и Analog Productions се двата водечки производители на најновиот тренд во еволуцијата на винилот: висококвалитетен, 150, 180, па дури и 200-грамски винил, во кој се втиснати поголемиот дел од каталозите на легендарните џез етикети Blue Note, Prestige, Impulse, RCA Victor, Columbia… Начинот на кој тоа е сторено (веќе во споменав зборот „иновативен“) е осознавањето дека доколку сите тие плочи на John Coltrane, Miles Davis, Art Blakey, Kenny Dorham, Andrew Hill, Bill Evans, Eric Dolphy и многу други експоненти на импровизираната музика од средината на 20-от век, се ротира на 45 свртувања во минута, наместо вообичаените 33 1/3 свртувања, квалитетот на звукот станува подобар дури и оној што го даваат оригиналните први копии произведени пред преку 50 години, за кои денес сериозниот аудиофил (потписникот на овој текст, за жал, еден од тие болесници) е спремен да плати од 500 до неколку илјади долари.

Значи, употребувајќи ги оригиналните ленти, што им се дадени на привремено користење (под наем) од страна на преполовените дискографски гиганти, горенаведените етикети ја зголемуваат брзината на ротација на новиот винил за една третина, со што автоматски има за една третина помалку место на винилот за да се стави звучен запис. Тоа пак, од своја страна наметнува сосема нов пристап кон пакувањето на, да речеме „Kind of Blue“. Наместо да биде понуден како нормален ЛП што оригинално беше издаден како единечна плоча, сега со зголемената ротација на мастерот, истата плоча се произведува како двоен албум. Значи на секоја страна од винилката се врежува помал број на композиции, но сега рилните се пошироки и, свиоците низ кои мора да поминува грамофонската игла се поблаги, а со тоа и звучниот запис станува супериорен дури и во споредба со тие баснословно скапо оригинално издание на истата плоча (земена е само како пример во случајов). Обвивката е направена со реанимирање на некогашната оригинална технологија, така што се задоволува критериумот дури и на најсомничавиот аудиофил.

По цена што е најмалку десет пати пониска отколку онаа на оригиналните антиквитетни изданија, иновативните реизданија на класичниот џез, сега печатени во релативно мали тиражи од 2.500 копии по наслов, аудиофилните изданија се распродаваат во рекордно краток период по издавањето, во исто време задоволувајќи многу протагонисти во тешко ранетиот музички свет: љубителите на совршениот звук, поклониците на одлична музика производителите на езотерични грамофони и грамофонски глави/игли, како и речиси зарѓаните машини за „сечење“ на винил. Очекувајте некогашната империја да го возврати ударот на надмоќниот противник (дигитален свет). Гладијаторот се' уште не му оддолева на ѕверот што со него го дели рингот што на едната половина и значи живот, а на другата – она спротивното.


#
Статијата е прочитана 802 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Одлична посетеност на „Браќа Манаки“
Викенд-ноќи полни со џез
Гласилото на Институтот „Данте Алигери“ со нов лик
Имам книги „љубови за сите времиња“
Филм на Владимир Боцев награден во Белград
Регионална работилница за дигитизација на наследството
Второ издание на „Дваесет и првиот“ од Османли






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency