Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Политика

Уставен суд во преса на политиката

Што сакаше да каже судијата Зоран Сулејманов за проектот „Скопје 2014“?

Гордана Дувњак

Дали навистина Уставен суд е под притисок да носи политички одлуки, а не правни? Интересно е што едно вакво реторичко прашање, што личи на фрлање ракавица за непристрасноста на Судот, не дојде од некоја партија или невладина организација, туку од уставен судија.

Но, затоа, пак, јавно искажаниот став на судијата Зоран Сулејманов на последната седница на која судиите требаше да се произнесат за проектот „Скопје 2014“, експресно беше искористен од партијата на власта како „крунски доказ“ за притисоци врз Судот од страна на опозицијата. А, за да биде апсурдот уште поголем „одбраната на Уставен“, дојде токму од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што во изминатиот период исфрли цела канонада обвинувања и критики врз оваа институција.

Уставните судии вчера не беа расположени да го коментираат ставот на својот колега, а уште повеќе мотивите за еден таков испад. Сметаат дека станува збор за негов личен став и оти секој има право на слобода на мислење. Потсетуваат дека и во досегашната практика на Уставен суд не е непознат инструмент правото на издвоено судско мислење. Уште повеќе што во конкретниот случај Уставен суд воопшто не се впуштил во оцена на иницијативата за контроверзниот проект „Скопје 2014“, туку расправата е одложена за некоја наредна седница.

Очигледно намерата на Уставен суд била да се спушти топката и непотребно да не се бранува, особено не во време кога се води вистинска хајка против нивната работа, а партиите ги ставаат и во некакви комбинации за евентуални уставни промени.

Но, работите за и околу Уставен суд не се нималку наивни, како што на прв поглед изгледаат и некој сака да ги прикаже. Она што паѓа в очи е дека ниту изјавата на уставниот судија Сулејманов е резултат на некаква претерана принципиелност или осамен гла�� на отрезнување, а уште помалку е случаен тајмингот што токму сега некој сака да му го стави в рака жешкиот костен на Судот. Затоа што од поднесувањето на иницијативата за оценка на овој проект едвај поминаа два месеца. Ако се има предвид дека таа е поднесена во втората половина на февруари , некому очигледно многу му се брзало оваа тема да дојде што побргу пред Судот. Има иницијативи во Уставен суд, што стојат недопрени и по неколку месеци и се' уште не дошле на дневен ред пред уставните судии.

Но, она што е посебно индикативно во настапот на судијата Сулејманов е начинот на кој тој се однесува спрема иницијативата поднесена од архитектот Мирослав Грчев. Иако тој јасно не се произнел дали бара таа во старт да биде отфрлена како неоснована или за неа воопшто да не се расправа, за него многу поважно од самата содржина на иницијативата се мотивите на поднесувачот и неговата политичка припадност.

Сулејманов тргнал од тоа кој е подносителот (Мирослав Грчев), каков е неговиот општествен статус (архитект, а не правник), па дури и каква е неговата политичка припадност (член на опозициска партија -СДСМ). Тој отишол дотаму што во својата дискусија се водел исклучиво од мотивите на поднесувачот и неговото чувство за естетика. Според него, мотивите на поднесувачот биле единствено политички и лукративни, за на крај да поентира дека доколку Грчев бил директно вклучен во проектот и за тоа бил адекватно платен, сигурно не би имал ништо против.

Но, дури и мотивите на Грчев да биле политички, сепак, не може еден судија, а уште помалку цел суд да не ја земе предвид содржината на иницијативата и да се впушта во селективност и дискредитација на странките. Затоа што на тој начин непотребно би се впуштил во арбитрарност и би се навлекол на тенок мраз.

Оние што имале можност да ја видат иницијативата тврдат дека таа, сепак, е правно издржана. Подносителот во својата аргументација наведува дека конкретниот проект не е во согласност со одредбите од Законот за просторно и урбаниcтичко планирање, бидејќи одлуката е донесена во скратена постапка. Тоа значи дека е изработен само предлог-план, а одлуката не е донесена во редовна постапка, што подразбирало да има изготвен нацрт-план, предлог-план и да е донесен план. Посебно спорен дел е тоа што не е овозможено изјаснување на стручната јавност околу едно вакво битно прашање и вклучување во дебатата на заинтересираните страни за изгледот на централното градско јадро.

Не помалку спорна во целата драмолетка е улогата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседателка на Собранието, Светлана Јакимовска, која на посебно свикана конференција обвини за политички притисоци во оваа институција.

„Уставен суд е под притисок да носи политички одлуки, а не правни. Таков вид одлуки, по правило, се во корист на една политичка опозициска партија. Во овој случај треба да се потенцира фактот дека притисокот врз Уставен суд е уште пред почетокот на расправата“, изјави Јакимовска. Таа ја цитираше изјавата на уставниот судија Зоран Сулејманов: „Овде имаме предмет што не е правен, туку политички, што треба да го решиме, наводно, во интерес на правото, а треба да биде во интерес на нечија политичка определба“.

Уставните судии неколку пати побараа партиите да ги тргнат рацете од нив и да ги остават да работат. Но, ним тоа како да не им паѓа на крај памет. Од ваквата мисија изгледа нема да се откажат уште долго, се' додека имаат длабоки корени и однатре, бидејќи треба да се признае дека има уставни судии што широко ги отвораат вратите за влез на политиката.


#
Статијата е прочитана 814 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 08:53:25
По се изгледа изјавата на УСТАВНИОТ СУДИЈА г-динот Сулејманов апологетите виножитни го доживеаја како удар на К1 боксерите.Ви ја ничкоса лицемерната грижа за интегритетот на уставниот суд.Сега се прашуваат што сакаше да каже писателот ( судијата ).Јас ќе ви објаснам иако вие ептен јасно.Судијата го обелодени валканиот притисок за урнисување уставно на проектот Скопје 2014 год.од страна на виножитниот кампус.Значи однесување исто такво какво што го критикуваат противникот.Затоа на сцена имаме раскарани сијамски близнаци.
Од: teknuvalo
Датум: 30.04.2010 09:14:26
Аман бате не ме брани поќе оти ме отепаа!!!
Од: јас
Датум: 30.04.2010 10:10:01
Не Среќко !! Кога судијата кажа дека Уставниот суд е под политички притисок ВООПШТО не мислеше на СДСМ , ами на твојот овчар и „вечниот незаменлив “ дедо - министер кој „успеа “ да го ничкоса и судството !!
Од: jovan
Датум: 01.05.2010 08:46:29
Od toa sto go izrece ustavniot sudija Sulejmanov nekoj trba da se zasrami.No bidejki e jasno deka ,toj nekoj,nema sram,prasanjeto e sto li preziveal se sudijata Sulejmanov ,kakov li se pritisok e izvrsen vrz nego i e prisilen da go kaze toa.Seto toa e tolku prozirno i naivno sto ovoj sudija go napravija ne dostoen na mestoto kade sto e.

Најди! во Утрински
Политика
Кризата со лекови ќе продолжи и во мај
Пропаднаа уставните измени
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
Слободата на медиумите падна за четири места
МВР да открие кој им се заканува на новинарите
Пет илјади Роми собираат пластични шишиња за да преживеат
Топло со 30 Целзиусови