Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Политика

МВР да открие кој им се заканува на новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до релевантните институции и до политичките субјекти во земјата да го осудат говорот на омраза, како и повиците за ликвидација на новинари. ЗНМ бара МВР во најкус рок да ги пронајде лицата кои директно се закануваат со физичко насилство и ликвидација на новинари.

„Навредите, пцостите и заканите се одраз на општата состојба во општеството, каде што преку вербално и физичко насилство се кршат основните човекови права на слобода на говор и искажување политички став. Поделбите на патриоти и предавници се користат за дискредитирање на сите оние што имаат различен став за одредени прашања од мнозинството и од власта“, се реагира во заедничкото соопштение на ЗНМ, Центарот за развој на медиуми и НВО-инфоцентарот.

Според овие три здруженија, на овој начин се поттикнува цензурата и се попречува секој обид за јавна дискусија за одредени прашања.

Премиерот Никола Груевски вчера го осуди говорот на омраза и ја поздрави реакцијата на ЗНМ. Премиерот, смета дека правото на изразување и слободата на говорот се неприкосновени принципи.

„Премиерот Груевски е постојано цел на напади, етикетирања и обиди за дискредитација, така што добро ги разбира чувствата на сите засегнати од исти вакви обиди. Општеството треба да се заштити од обиди за напад и за дискредитација, но, притоа, треба да се води сметка и за индивидуалните права на изрекување сопствено мислење“, се вели во соопштението од Кабинетот на Груевски.


#
Статијата е прочитана 642 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Кризата со лекови ќе продолжи и во мај
Пропаднаа уставните измени
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
Слободата на медиумите падна за четири места
Пет илјади Роми собираат пластични шишиња за да преживеат
Уставен суд во преса на политиката
Топло со 30 Целзиусови