Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Политика

Кризата со лекови ќе продолжи и во мај

Квотите, односно средствата што им ги доделува ФЗО на аптеките ќе бидат исти и за мај, а корекции се можни во јуни

Кризата со лекови на товар на државата во аптеките ќе продолжи и во мај. Пациентите ќе мора да побрзаат да ги набават лековите во првата недела од месецот, зашто повторно може да останат без лекарствата или ќе мора да си ги купат. Квотите, односно сумите на средствата што им ги доделува Фондот за здравствено осигурување на аптеките ќе бидат исти и за мај. Искуството од април покажа дека тие квоти не се доволни, па лековите се потрошија за помалку од десетина дена.

Од Фондот велат дека се' уште не е завршен месецот за да може да се сумираат резултатите. „До 15 мај ќе се прави ревизија дали прераспределбата на парите по аптеките е добра. Доколку се установат пропусти, ќе има нова редистрибуција на средствата и корекции на квотите на аптеките од јуни“, изјави вчера Дејан Гацов, портпарол на Фондот за здравствено осигурување.

Дополнително дефицитот со лекови во мај може да се заостри и со немањето пари по аптеките. ФЗО им доцни на аптеките со исплатата на парите за издадените лекови од позитивната листа. Аптеките немаат добиено пари повеќе од три месеци и се плашат дека ако Фондот не им префрли пари, нема да може да ја нарачаат месечната квота лекови за мај, зашто и тие им доцнат со наплатата на доставувачите на лекови.

„Денеска истекува рокот од 120 дена. Парите од Министерството за финансии се очекува да бидат префрлени најдоцна до почетокот на идната недела“, вели Гацов, кој се надева дека нема да има проблем во нарачката на новата месечна количина лекови. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 638 пати.

Испрати коментар

Од: дејан
Датум: 30.04.2010 02:26:35
Сопственик сум на аптека во Куманово и сакам да ги пршам надлежните од Фондот зашто во Куманово,Тетово,Струмица,Битола и др градови со одлука од 27.04.2010 се врши дополнително намалување на веќе намалените квоти кои стапија на сила од овој месец.А за "транспарентното и подеднакво" делење на квотите на аптеките по некој критериум можете да го лажете само обичниот народ,немојте нас кои многу повеќе сме во овој бизнис и од вас самите.Ова што го работат од Фонд е срамота,гледате не у очи и не лажете,дека транспарентно сте ги поделиле квоти.Најголем критериум да добиеш поголема квота е партиска припадност кон ВМРО и ДУИ.Кажете по кои критериуми аптеките Новалек,Еда фарм,Зенит фарм,Ахилеа Карпош Хигија имаат добиено поголеми квоти од лански а на повеќето др.аптеки квотите се драстично намалени, а и сега со новата одлука нив не им се намалуваат.Кажете кој критериум они го имаат а ние др.аптеки го немаме.Ваква матна распределба на квотите досега немало во државава.ОВА Е СРАМОТА и доста лажет
Од: lekar
Датум: 30.04.2010 09:00:54
Jas sum maticen lekar koj sovesno si ja raboti rabotata veke poveke godini i nastojuva da raboti vo interes na pacijentite. Vaka tesko da se raboti ne bilo nikogas, da go lecis pacijentot a ne da go maltretiras. samo novi propisi, sve poveke lekovi koi nesmees da mu prepises, samo ne kontroliraat i kaznuvaat a tie sto mozes da gi prepises gi nema i pacijentot povtorno nezadovolen se vraka kaj nas.
Од: jovanj
Датум: 01.05.2010 08:57:08
Krizata so lekovi prodolzuva ,no zatoa se skratuva zivotot na bolnite i stari lica.Toj sto ke prezivee ke raskazuva.

Најди! во Утрински
Политика
Пропаднаа уставните измени
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
Слободата на медиумите падна за четири места
МВР да открие кој им се заканува на новинарите
Пет илјади Роми собираат пластични шишиња за да преживеат
Уставен суд во преса на политиката
Топло со 30 Целзиусови