Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Битолската млекарница ќе извезува на рускиот пазар

ИМБ увезува млеко поради недостиг од домашно

БИТОЛА - Производите на ИМБ, особено оние од овчо млеко, наскоро ќе се најдат и на рускиот пазар, најавија од битолската млекарница. „Што се однесува до увозот на млеко и млечни производи што го направи ИМБ во изминатиот период, тоа било поради недостиг од домашно сурово млеко“, тврди генералниот директор Роко Водопија. Според него, тоа се само ситуации од сезонски карактер, бидејќи овие денови пораснал откупот на сурово млеко, па ИМБ дневно собира и по 120 тони млеко од своите кооперанти.

„Увозот на битолско млеко под наш бренд, а од други земји е околу три отсто од нашите приходи. Тоа не е многу значајно, бидејќи не може да влијае на состојбите во сточарството во Македонија. Наша стратегија е домашно производство, но се' што не можеме да произведеме овде ќе увеземе и не можеме да го спречиме тоа“, нагласи Водопија.

Менаџментот на млекарницата смета дека е потребно инвестирање во македонските фарми, пред се', во кредити за купување нови грла добиток, опрема за молзење... „Не веруваме дека ќе дојде до ситуација фармерите да го истураат млекото. Фармерите нема да го направат тоа“, вели Водопија. Наспроти поплаките од фармерите дека цената на суровото млеко паднала на неверојатни 8 денари од литар, од ИМБ тврдат дека цените пораснале и тоа повеќе од европскиот тренд.

„Цените варираат од 13 до 18 денари за литар во зависност од квалитетот. Но, цените што ги има сега ИМБ се поголеми од оние во Чешка, Полска и Германија. Но, она што се случуваше во 2008 година, кога литар сурово млеко беше 30 денари, повеќе не може да се случи, бидејќи тоа е нереално“, нагласи Предраг Цветковиќ од менаџментот на ИМБ. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 387 пати.

Испрати коментар

Од: goce bitola
Датум: 21.04.2010 00:27:33
ubava vest uste da bese vistina gospoda uvoznici na stransko mleko, a sega glumite demek mnogu vi e griza za mlekarite vo mk.
Од: Млекар
Датум: 21.04.2010 08:00:51
За да бидат работите појасни треба БИМ да каже колку посто е учеството на овчо млеко во млекарницата? За 10 години ќе нема ни млекарница ни млеко.

Најди! во Утрински
Политика
Маневски ја преживеа интерпелацијата
Правната несигурност не ја подобрува ни скапа реклама
Прекината расправа за Судскиот совет
Писмото од Филе се става под тепих
Турли-тава од уставните измени
Првиот синдикалец почна да тренира строгост
Пролонгиран рокот за конкурсот „Изрази се преку медиумите“