Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Турли-тава од уставните измени

Списокот со барања расте, а шансите за уставната реформа се намалуваат

Александра М. Митевска

Најавените уставни измени влегуваат во слеп колосек откако се подигнаа тензиите меѓу партиите, се предизвикаа поделба меѓу нив по етничка линија и се внесоа несогласувања во владејачката коалиција! И покрај привидот дека партиите се обидуваат да ги усогласат ставовите во работните групи што ги формираа, секоја од нив настапува со свои сугестии и има свои дилеми за тоа колку се издржани предлозите на другиот табор.

Според информации од партиски извори, првичниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за промени во Судскиот совет (СС) отворил уште многу други прашања, покрај веќе познатите барања на СДСМ и на партиите од албанскиот блок - да не застаруваат делата поврзани со приватизацијата, односно Бадентеровиот принцип да важи и во Уставниот суд.

На завчерашната средба на работните групи, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на НД единствено се нашле на иста линија за владините предлози - министерот за правда и претседателот на Врховниот суд да не бидат членови на СС и испразнетите две места да се пополнат со нови членови од редот на судиите, при што тоа би можеле да бидат врховни судии избрани од нивните колеги во Врховниот суд. Со тоа составот на СС квантитативно би останал ист, односно и натаму би броел 15 члена. Идејата на СДСМ, која би значела ревизија на приватизацијата, пак, од другите партии била забележана како начелно прифатлива, иако учесниците во работната група настапиле со резерви околу нејзината правна издржаност.

Ставот дека е недозволиво двојно гласање во Уставниот суд, всушност, е едно од ретките прашања околу кои се согласуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Од тој аспект, имајќи го предвид категоричниот став на ДУИ и на НД дека нема да прифатат уставни корекции ако тие не го опфатат и Уставниот суд, прашање е дали воопшто ќе се оди на промена на Уставот, откако владината иницијатива поведе лавина барања за други корекции.

Работната група во понеделник ќе се состане повторно, кога на маса би требало да се стават поконкретни предлози во пишана форма. Овој состанок ќе претставува уште еден обид да се доближат ставовите пред следната лидерска средба, што е договорено да се одржи кон крајот на овој месец.

Во меѓувреме, според партиски извори, партиите од албанскиот блок го прошириле списокот на институции за кои сметаат дека треба да важи Бадентеровиот принцип при одлучувањето или при изборот на членовите. Покрај, двојно гласање за буџетот, сега се бара Бадентер и во Советот на обвинители, особено при и��борот на обвинителите од заедниците, а за членовите на СС се сугерира да бидат избирани само од судии од нивната етничка заедница. Се предлага и на шефот на државата да му се одземе надлежноста да предлага членови на СС, за тој како носител на извршната власт да нема влијание врз судството.

Дилеми отвора и владиниот предлог мандатот на членовите на СС да се намали од шест на четири години без право на реизбор. Има толкувања дека ваква одредба во Уставот би била пререстриктивна, особено ако се има предвид дека и шефот на државата има право на уште еден мандат. Дискутабилно е и намалувањето на мандатот на четири години, бидејќи се ризикува поврзување на мандатот на судиите со мандатот на Владата (односно со роковите за парламентарни избори). Нејасно е и како ќе се спроведе евентуалната уставна реформа со која министерот за правда и претседателот на Врховниот суд би биле „избришани“ од членство во СС и нивните места би ги зазеле судии избрани од фелата. Дали во таков случај ќе се прекине мандатот на актуелниот состав на СС и одново ќе се избираат членовите во него или, пак, само ќе се пополнат двете испразнети места, со тоа што новите членови би имале покус мандат од актуелните?


#
Статијата е прочитана 999 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe od Gradcko
Датум: 21.04.2010 00:28:13
g-dine Gruevski dosta foliras so navodini "ustavni izmeni" samo da go odvlecis vnimanieto od tvojata losa politika kako premier na tebe i na VMRO-DPMNE. Dosta so vakvo glumenje...raboti za Makedonija a ne samo za VMRO-DPMNE
Од: Stojan
Датум: 21.04.2010 08:35:52
Redno e VMRO i SDSM da se zamislat i složat deka poteknuvaat od makedonski gragjani,od Makedonci i deka DEFINITIVNO treba da gi branat interesite na makedonskata popolacija.Albancite se karaat među "sebe" ama za nivnite interesi i baranja se edinstveni i gazat se bez pardon.Kakov Badinter za se i sešto se znae so Ramkovniot što im sleduva i toa e premnogu.Ova đto go baraat go nema nikade pa i vo Albanija.Razmislete gospoda lideri na VMRO I SDSM što i kako pravite za da možete da odite po državata gordo među narodot a ne so navednata glava.
Од: jovanj
Датум: 21.04.2010 09:47:01
Ne e niti vreme.niti ima realna potreba od menuvanje na ustavot.Samo treba da se smenat vodacite na nekolku pogolemi partii i se ke bide polesno i podobro."Golemite"vodaci poradi licni interesi i licen prestiz izmisluvaat razni provokacii koi go raskaruvaat narodot i se gubi energija na nepotrebi raboti,namesto da gi resavaat stvarnite potrebi na lugeto.
Од: sandokan
Датум: 21.04.2010 10:09:33
Mnogu jasno se znaese deka nema da bide nisto celta bese samo da se zamajuva javnosta i da im se otrgne vnimanieto.Branko iskoristi so svojata stos politika da se ispere od privatizacijata no mislam deka ovoj narod dobro pamti stanuva veke jasno deka Branko i Kole se isti
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.04.2010 11:10:22
Овој Трпе отаде Градско дали чита само наслови или можеби има некакви информации да предлагачите како виножитниот спасител и оние од ДУИ и НД прешле ви поморанџестите редови па така според него предлозите за уставни измени доаѓаат само поморанџестиот кампус.Дали тоа заговара да се исфрли предлогот за ревизија на приватизацијата,оти сега испаѓа откако беше прифатена ,,фрлената ракавица,,секаде се вергла да предлогот е неприменлив и го потврдуваа предходниот став на премиерот,но тогаш се верглаше за уплав а сега за неприменливост.

Најди! во Утрински
Политика
Маневски ја преживеа интерпелацијата
Правната несигурност не ја подобрува ни скапа реклама
Прекината расправа за Судскиот совет
Писмото од Филе се става под тепих
Првиот синдикалец почна да тренира строгост
Пролонгиран рокот за конкурсот „Изрази се преку медиумите“
Битолската млекарница ќе извезува на рускиот пазар