Дали со доаѓањето на Живко Митревски за в.д. претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија започнува времето на реформи во Синдикатот или на притисоци, односно на мобинг, против што треба да се бори ССМ? Поголемиот дел од вработените во службите на Сојузот, по само два дена откако Митревски седна на фотелјата на Ванчо Муратовски, велат дека владее страв меѓу нив за работните места, иако никому досега не му е доделен отказ.
„Новиот претседател тренира строгост и прво што направи е што ги тргна подалеку луѓето кои важеа за поблиски соработници на Муратовски. Повеќето се уплашени, затоа што уште завчера на некои вработени им било кажано дека треба да се преместат во друга канцеларија. Автоматски поради тоа се плашат дека е можно да добијат и прераспределба на ново работно место или можеби и отказ. Тоа чувство е присутно кај сите. На пример, портпаролот на ССМ, наедно и шеф на кабинет, Милан Живковиќ, е преместен во друга канцеларија, на друг кат“, вели еден вработен во ССМ. Тој додава дека вчера Митревски одржал средба со вработените во службите, на која присуствувале и претседателите на синдикатите кои, покрај Митревски, издејствуваа смена на Муратовски. На состанокот им било кажано дека и понатаму треба да си ги извршуваат своите работни задачи, како и досега.
„Ова се случува прв пат. Никогаш досега не сме биле викнати групно кај претседателот за да ни се соопшти нешто, а уште почудно е што присуствуваа и претседатели на гранкови синдикати. Не ни е јасно, дали е тоа новото, групно раководство во ССМ?“, посочуваат вработени, додавајќи дека поголемиот дел од присутните претседатели со години наназад не доаѓале на седниците на претседателството на ССМ и дека јавноста не ги памети по штрајк, протест или по некоја одржана прес-конференција, за каков било проблем во дејноста што ја претставуваат.
Спротивно на изјавите на дел од вработените, Митревски вели дека вчерашниот состанок бил релаксирачки за сите. Не се согласува дека во ССМ се чувствува некаков притисок од негова страна. „Вчера одржавме заедничка средба меѓу претседателите на гранковите синдикати и вработените во службите. Се запознав со луѓето, им посакав добра работа и соработка со мене, а тие беа изненадени што ги повикува прв пат претседателот на состанок. Присуствуваа и 11 претседатели, затоа што се договоривме дека ќе работиме тимски и сите одлуки заеднички ќе ги носиме“, изјави Митревски. Тој додаде дека портпаролот Живковиќ е тргнат од канцеларијата затоа што допрва ќе се утврдувало како е тој вработен во ССМ. Бидејќи претседателството не било консултирано пред неговото вработување. А, дали и ��ога би бил назначен нов портпарол, се' уште не е одлучено. Тој вели дека, меѓу другото, ќе се прави ревизија на трошењата. Затоа што постои сомнеж околу наплатата и користењето на средствата од кириите во зградата, како и за купувањето на колите, реновирањето на кабинетот и за други трошења за приватни работи за кои се исплаќале средства од ССМ.
„Посебна комисија ќе ги истражува документите. Инаку, таа беше формирана и пред една година, но досега не ја сработи работата поради недостапност на документите“, рече Митревски.
Со мнозинство гласови на Советот на ССМ, Живко Митревски, минатата недела беше назначен за нов претседател на местото на Ванчо Муратовски. Одлуката по два дена беше верификувана во Министерството за труд и во Централниот регистар и така Митревски завчера седна на претседателското место. Муратовски оптимистички најави дека започнува правна постапка за тој незаконски избор, која ќе заврши за кусо време, а во негова корист. Односно, дека судот ќе ја потврди незаконската процедура околу изборот на Митревски, со што стариот претседател ќе се врати на функцијата, се' до одржувањето на 18. конгрес следната година.
"сите одлуки заеднички ќе ги носиме“, изјави Митревски." Gospodinot i samiot znae deka e namenski postaven,pa zosto togas da ne predlaga samo toj,a drugite da odlucuvaat.Taka se pokrivaat so kolektivni odluki tie sto sakaat vlast,a ne i odgovornost,sto sirat strav,a se pravat demokrati,sto zboruvaat edno,a pravat drugo.Od kogo e postaven,takov i kje bide.Bar od blagodarnost kje go imitira negoviot shef koga toj kje shefuva po diktat za da ja opravda funkcijata na koja go smestija.Dodeka ne si ja odraboti zadacata.A poltronite od grankovite sindikati ne mozat da prifakjaat vmrovski zelbi za da si go zacuvaat mestoto.Ako molcea do sega za problemite na tie sto gi izbrale,nema zsto posle nekoj mesec da se setat deka sindikatite postojat za organiziranje strajkovi.Zasto kje bidat po naracka od vlasta po cie scenario i se izvede kafeanskoto izbiranje na segashniov "prv sindikalec".Lugje sto prifakjaat protivzakonski da bidat postaveni na funkcii so uceni i zakani neka se podgotvat za aps.
Од: pero
Датум: 21.04.2010 09:19:33
G-dine v.d. pretsedatele, kolektivna odgovornost imase samo vo komunizmot. Vie go smenivte Muratovski, vie ja snosite odgovornosta.
Vtoro, glavna odlika na aktuelnava portokalova vlast so rozovi ocila e sto site profesionalni kadri gi trgna kako nepodobni, po principot "ne si so mene, togas si protiv mene". Zatoa tapkame vo mesto. Zosto vasiot poteg so Zivkovic me podsekja na portokalovite, ostavam na drugite da odlucat. Ili Vi smetase sto konecno SSM dobi glasnost preku nego.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.04.2010 09:47:18
Во Земјата на Марионетите,конците се движат од друга лавна Марионета наречена Пинокио, со Каубојскиот Шешир и боксерските ракавици!На градите, како Опомена, има петокрака Метална Ѕвезда на која со крупни Кирилични букви е испишано Ш Е ``рР` И Ф Ф!Ќе помислите дека тој ги влече конците,Но набргу ќе согледате дека конците се далеку Зад Границите на возможното!Синдикатите се обидуваа да се залепат до Власта!Но, никогаш не биле толку блиски,како отсега натаму!Со години,во гранковите синдикати и синдикатите по претпријатијата,се менуваат претседателите според Бојата на власта!Така се контролира секаква помисла на бунт,со реченицата: „Молчи да не помислат дека сме Старомодни Опозиционери“!Во меѓувреме, Работниците ги Изгубија сите Стекнати Права од Социјализмот!Правата,важат единствено за Синдикалното Раководство!Започнува Ерата во која Синдикатите ќе ја Потврдуваат Розово-Портоколадната-ЕПП приказна на Власта дека живееме во свет каде Сите можни(дури и неможните) права се одамна остварени!