Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Пролонгиран рокот за конкурсот „Изрази се преку медиумите“

Матурантите што сакаат да учествуваат на конкурсот на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста „Изрази се преку медиумите“ ќе можат своите идеи за најдобар матурски проект да ги испраќаат до 25 април. Еднонеделното пролонгирање на крајниот рок се должи на барањето на самите ученици поради обврските околу проектните задачи во училиштата.

Високата школа веќе втора година го организира овој конкурс, овој пат со тематика насочена против дискриминација по сите основи, поради што тој е насловен „Имам право да бидам различен“. Конкурсот е поддржан од Советот на Европа, Европскиот центар за новинарство и од медиумите „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“, „Нова Македонија“, телевизија Алсат-М и радио Канал 77.

Матурантите се натпреваруваат за најдобар медиумски продукт во четири категории: ТВ-прилог (доставуваат само идеја), видеоклип снимен со мобилен телефон или флип-камера, фотографија или постер. Најдобрите идеи се наградуваат со 10 целосни стипендии за насоката новинарство и 10 делумни стипендии од 1.100 евра за студирање на насоката корпоративни комуникации и односи со јавноста.


#
Статијата е прочитана 230 пати.

Испрати коментар

Од: ацо
Датум: 21.04.2010 13:51:38
А кај се тротоарит�� запешаците?

Најди! во Утрински
Политика
Маневски ја преживеа интерпелацијата
Правната несигурност не ја подобрува ни скапа реклама
Прекината расправа за Судскиот совет
Писмото од Филе се става под тепих
Турли-тава од уставните измени
Првиот синдикалец почна да тренира строгост
Битолската млекарница ќе извезува на рускиот пазар