Прекината расправа за Судскиот совет
Собранието вчера попладне ја прекина седницата, на која се расправаше околу предлогот за избор на Бранко Ушковски за член на Судски совет. Работата, по оваа точка, парламентот ќе ја продолжи денес, најави спикерот Трајко Вељановски, кој ја прекина седницата по барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Тахир Хани поради партиски активности. Во текот на расправата, пратениците од опозицијата побараа повлекување на предлогот за избор на Ушковски, бидејќи не ги исполнувал условите за член на Судски совет и е кадровски предлог на ВМРО-ДПМНЕ. (П.Р.) |