Министерот за правда, Михајло Маневски, ја преживеа интерпелацијата поднесена од 23 пратеници од опозицијата. По 12-часовна жестока расправа, размена на меѓусебни обвинувања и вербални навреди, парламентарното мнозинство доцна завчеравечер, точно на полноќ, не ја прифати иницијативата за отповикување на Маневски.
За неговото заминување од функцијата гласаа 16 пратеници, 65 беа против и немаше воздржани. Дебатата, главно, се водеше меѓу пратениците од опозиционите партии СДСМ, ЛДП и НСДП од една страна, и ВМРО-ДПМНЕ, од друга. Пратениците од ДУИ,освен процедурално, не се вклучија во дискусиите за или против Маневски.
„Не очекуваме дека ќе ја поддржите интерпелацијата, но целта ја остваривме - македонската јавност да чуе дел од нашите аргументирани критики, рече на крајот на расправата Владо Бучковски од СДСМ од името на подносителите на интерпелацијата. Во сличен тон беше и дискусијата на нивната координаторка, Цветанка Иванова, која рече дека во недостиг на адекватна одбрана од пратениците од власта, Маневски бил оставен сам да се брани и да ги извади на површина досиејата што ги прави со години за да се одржи на власт.
За Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, расправата покажала дека е мотивирана од личното незадоволство од високи функционери од СДСМ, кои сакат да го конзервираат судството и да имаат контрола врз него.
Во образложението на интерпелацијата, која беше поднесена на 26 февруари годинава, беше наведено дека таа е мотивирана од непотизмот во судството, неправилности во финансиското работење на Министерството за правда, узурпација на земјиште во општествена сопственост, екстремно лоши услови во затворите и политички притисок врз работата на судиите.
Министерот Маневски ги отфрли наводите во интерпелацијата како неосновани и неприфатливи и посочи на позитивно оценетите судски реформи, прогресот во независноста на судството, зголемената ефикасност на судовите, формираните нови институции, растоварените судови и големиот број решени предмети и модернизацијата на судството. (Г.Д.)
Se iznaslussavme pljukan e po stariot grd i zol bolssevik od strana na dobrite mladi i ubavi bolssevici. Izgleda deka onoj ssto go postavil mnogu dobro znae deka bass bolssevicite najdobro ja vrssat prljavata rabota. kolku e pateticcno stradanjeto na bolssevicite koga nekoj drug ja sproveduva nivnata taktika. Izgleda deka sme osudeni na bolssevizmot, kakov i da e. Se znaat i predviduvaat kako ke se slucci.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 21.04.2010 00:46:14
Sramota g-da od VMRO-DPMNE.Najlos i najslab minister koj nisto ne doprinese vo svojata rabota podrzuvate. Zarem ne vidovte nepotizam, partizacija, pritisoci od VMRO-DPMNE i sl...Pa i OBSE go potrvrdi toa, site kazuvaat sudstvoto e edno od najslabite delovi so partizacija, nepotizam, pristisoci i sl... i kritukuvano od EU,OBSE i NATO od koj gubi Makedonija i graganite. Ako prasate nekoj graganin ke kaze deka e ovoj najslab i nalos minister vo svojata rabota pa i za mene...toa podrzuvate sto e sram za Makedonija..Zatoa Manevski za dobro na Makedonija odi si vo penzija dosta pravese steta so svojata rabota na Makedonija a potrdrdeno od od graganite, EU, OBSE deka sudtvoto e katastrofa(nepotizam, partizacija, pritisoci..)A koj gubi od vakov minister e Makedonija..Za toa uste ednas sram da vi e g-da od VMRO-DPMNE
Од: maki
Датум: 21.04.2010 01:02:35
Gospodine Manevski podrska za rabotata, zad Vas stojat pozitivno ocenetite sudski reformi, a na visokite funkcioneri od SDSM im poracuvam deka kratkovidosta odamna se lekuva, ako nemaat pari telefonski ke im sobereme, greota e slepi da si ostanat.
Од: petre
Датум: 21.04.2010 06:39:53
Sramota sto slusavme gadotii od strana naSDSM ne im dolikuva na pameten i vozrasen covek damu kazuvaat takvi zborovi So toa se kazaa samite kakvi se.Ministerot Manevski im odrza lekcija za kulturno odnesuvawe.Treba za se da ucat od nego .Bravo za ministerot
Од: SPIRIDON
Датум: 21.04.2010 07:24:11
Bravo!!Bravo na fakultetski obrazovanite fakultetski profesori,nedovršenite fakultetski nedoobrazovanite parlamentarci na rečniko,terminologijata,primero na pomladite idni parlamentarci kako se brane stav,kako se napagja eden "muđahedin",ne znam u koj konteks,kako se brane edn "zabegan" minister,koj najglasno plačeše po smrtta na Tito kako sekretar na partijskata organizacija u republičkoto obvinitelstvo.Se na seblago rečeno teatar.Ma blago rečeno e i cirkus.Dignitet,obrazovanos,kvalitet,dostoinstvo šo beše toa?Tenderi,prodažba na "Telekom,elektro,Okta,mlekari",parola snajdi se,ama da ne te fanat,obezbedi gi razvedeniteženi,novite ženi,idnite generacii,bidi "kul" so skapa brend garderoba,saati i slični tazebisnismenski maniri.A prašale li se od kogo.Od narodo.Od mene,od tebe.Sramota.I ostanuvame samo na toa,sramota.Pu sram da gi e.
Од: ш
Датум: 21.04.2010 08:10:00
Просперитет, просперитет... Но логиката вели. За некој да просперира, треба други да робуват. Па издржете робови, уште треба да се просперира. А знајте и што ве чека ако не робувате.
Од: realen
Датум: 21.04.2010 09:51:37
Makedonskiot berlinski zid prezivea, se spasi od urivanje, no poveke od simptomaticno e mlada Vlada da ima "tolku" iskusen i vozrasen Minister za pravdakoj znae se. Cudo na Balkanot.
Од: Трпе
Датум: 21.04.2010 10:19:13
Нормално дека ке се спаси министерот за неправда.Инаку требаше да се разголи премиерот и бладата.Се секавате ,како министерот за финанси Славевски ја раздрма владата иако тоа беше многу склаб земјотрес.Но голема штета ,што некои сеуште им веруват на пропагандната блада.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.04.2010 11:18:30
Да човекот требаше да си оди требаше,поради него станавме дежурна тема во Брисел,но оние кој го бараа од него ептен се несоодветни во барањата.Стар бољшевик а нивни поранешен член и висок кадар во нивната власт ( одговорен за затворите) тогаш добар сега лош.Жената му слаб студент (просек 6,75)и судија а истиве бараат смнување на лимитот од просек 8 во судската академија,значи бараат такви како неја.Ептен изместено критикување,кое има оправданост само ако го правеше некој друг.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.04.2010 13:51:24
Колку што ми е познато, досиеја за одредени Неосудувани личности смеат да прават само во Полицијата,а незамисливо е во Судството!Може, единствено во судот во Село Башино!Туку, дознав и еден несекојдневен Фрапантен податок од Утрински, постоење на Тајна Полиција!??!Како ќе правиме Лустрација со постоењето на ваква „полиција“?Па, нели времето на Бугарскиот фашизам, „црниот“„комунизам“ и тајните полиции е дамнешно минато?Тенка е линијата меѓу социјализмот и национал-фолклорната-демократија!МааАаа... Чичко Таен Џандар, јас само онака, на шала! :) Хи,хи... АаааХххх!!!