Владата ја блокира Општина Тетово
ТЕТОВО – Владата носи одлуки со кои ги блокира проектите на Општина Тетово. На владина седница од 23 јуни е одлучено на Општина Тетово да и' се одземат 2,7 милиони денари наменети за изградба на водовод за населбата Сончев Брег и да се пренаменат за Општина Осломеј.
„Општина Тетово ги исполни сите услови за добивање средства од Министерството за транспорт и врски за водоводни и канализациони мрежи. Бидејќи веќе беа доделени, почнавме со реализација на проектот. Завршен беше и тендерот“, изјави вчера Фљакран Пустина, портпарол на Општина Тетово. За овој потег на Владата Општина Тетово најавува информирање на сите релевантни меѓународни институции. (Г.Е.) |