Анализата на Хелсиншкиот комитет за судскиот процес што се водеше против Васил Тупурковски и Јован Андонов говори за негативните состојби што владеат во правосудството, односно за заглавените реформи и неможноста судството да функционира самостојно и независно правосудство и без политички притисоци.
„Имаме процес на внатрешно гниење на правосудството, процес во кој, од една страна, владее страв, а од друга страна, имаме бројни манифестации на елементарна професионална неписменост, комбинирана со огромна количина енергија и ентузијазам да им се служи на партиски интереси и цели“, се наведува во анализата.
„Обвинението за Тупурковски, што го прифати судот во целост, имено, дека префрлал пари од тајванската кредитна линија до крајните корисници, е целосно неточно и правно неосновано“, смета Хелсиншкиот комитет и потсетува дека Агенцијата за обнова и развој е формирана со одлука на македонската влада и како владино тело е без статус на правно лице.
Во Хелсиншкиот комитет сметаат дека со прифаќање на обвинителниот акт, во целост судот ги заобиколил фактите кои недвосмислено одат во прилог на Тупурковски и Андонов, со што ги повредил нивните основни човекови права.
Васил Тупурковски беше осуден за „тајванските кредити“ на три години затвор, а Јован Андонов на две години за злоупотреба на близу 170 милиони денари. (Х.Р.)
Не е воопшто чудно. Има писмен во Македонија? Се некои квази-експертчиња, кои немаат многу појма од својата работа, но затоа многу знаат како да го задоволат партискиот шеф - бог. Јасно е дека врвните експерти одамна ја имаат напуштено државава (слично како во Русија, да речеме, од каде некогашните врвни научници заминаа да работат во САД, Британија, Холандија...), зашто не можат да одат под своите морални критериуми да користат професионално невистинити тврдења и непрофесионални методи во работата.
Од: pp20
Датум: 03.07.2009 02:28:57
A moze jas da prasam onaka laicki a koj faktor e Helsinski Komitet dali tie se oficijalna ustnova vo Makedonija ili NGO .... Vo Makedonija ima sudstvo i toa donese odluka ...interesno kako se manipulira so sudstvoto...Eu veli sme imale korumpirano sudstvo i deka ima mesanje od partiite ama koga sudot donese presuda protiv EVN taa ista EU bara od vladata da intervenira... isto so ovoj takanarecen Helsinski komitet nekoa odat vo Bugarija ili Grcija tamu imaat poveke materijali
Од: " Poednakvi" od site nas
Датум: 03.07.2009 16:33:27
Deka pravdata i sudstvoto za nekogo e majka za nekogo macea, pokaza slucajot na Tupurkovski. Naime mnogu ludje za mnogu pomali sumi se osudeni i si olezuvaat vremenski mnogu podolgi zatvorski kazni, no Cile" nacionale" eve angazira javni debati. Helsinski komiteti, pa duri preku svoite masonski" studentski" bratstva uredi da zamine vo Wasington i da bide soslusan od Kongresna komisija za covekovi prava. Prvo ne mi e jasno kako toj kako osudenik ja napusti zemjata i zamina vo Wasington, a kako vtoro ne mi e jasno sto ima Kongresna komisija od SAD da ocenuva sudska odluka na sud od Makedonija. Pa neli deklarativno site sme ednakvi pred zakonot, no nekoi kako Cile i Bucko se " poednakvi " od site nas. Za niv vazat drugi postapki i drugi merila. A obicniot narod neka pasi....