Јакупи ги отфрли обвинувањата
ГОСТИВАР - Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ги отфрли инсинуациите на гостиварскиот градоначалник Руфи Османи изнесени на завчерашната прес-конференција во Гостивар.
„Локалните избори се зад нас и тие се завршена работа. Tоа што ДУИ ги изгуби локалните избори во Гостивар е минато и нема никаква допирна точка со Министерството, на чие чело се наоѓам“, потенцира Јакупи. Според него, распределбата на контејнерите за што го обвинил Османи, се вршела според однапред подготвен план. „Општина Гостивар доби 140 контејнери, а уште 100 контејнери ќе добие во наредниот период“. (К.К.) |