Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Велес се премисли, не ја тужи државата за Топилницата

ВЕЛЕС - Судскиот процес во кој Општина Велес ја тужи државата, поради негрижата за здравјето на велешани за тридецениското труење од Топилницата, никако да започне. На последното рочиште во Основниот суд во Велес, поради тоа што не се прецизирани тужбените барања, почетокот е одложен за септември. Но, на површина излегоа несогласувањата помеѓу новата локална власт и Зелената коалиција дали да се прифати вонсудска спогодба. Се чини дека Општина Велес се премисли и дека нема да ја тужи државата за Топилницата.

„До полномошникот на тужбата на последното рочиште лани во декември е дадена обврска да ги прецизира тужбените барања, како и да се разгледа можноста за вонсудска спогодба. За ова второто може да се разговара со претставникот на државата, јавниот правобранител. Ако не, спорот ќе продолжи на суд“, изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. Од друга страна, Зелената коалиција, составена од седум граѓански здруженија со еколошки предзнак кои се приклучија на тужбата, исклучено е секакво друго решение, освен судско.

„Не прифаќаме вонсудско порамнување, бидејќи ако не добиеме сега тука во Велес или во институциите во Македонија, убедени сме дека спорот ќе го добиеме во Стразбур, пред Судот за човекови права. Триесет години ни беше одземено правото на здрав живот, загарантирано со Устав, поради лошото работење на Топилницата“, изјави Билјана Ангеловска, правен застапник на Зелената коалиција.

Што се однесува до прецизирање на тужбеното барање, судот бара да се определат површините на загадена почва, со мерки и граници за да може врз нив да се изврши вештачење. Врз основа на оваа документација, која засега не е доставена, ќе може и да се одвива судскиот процес, Општина Велес против Република Македонија, прв од таков вид во судската практика во земјава. (С.Ќ.Н.)


Статијата е прочитана 248 пати.

Испрати коментар

Од: flaster siti
Датум: 03.07.2009 03:17:23
А бе велешани, кој ви е крив? Не ви чинеше Аце Коцески, поарен бил тој гургутот од ДПМНЕ. Е па сега немој да вриштите оти сами си го баравте. Ако немате кислород за дишење, елате кај нас во Прилеп. Овде другиот кадар на ДПМНЕ ги затвори фабриките и ги остави работниците на улица, ама затоа паркчиња и фонтани и кај шо треба и кај шо не треба. Да бидиме искрени и да признаеме, парковите се добри. За оние кои пасат трева.

Најди! во Утрински
Политика
Иванови се преселија во резиденцијата на Водно
Уште еден скандал со обвинителите?
Царината ја чека конечната одлука на Уставен суд
И пензионираните професори со дупли примања?
Омбудсманот ја продолжува борбата против тортурата
Судењето на Васил Тупурковски не било фер
Касарните се дискриминаторски поделени
Јакупи ги отфрли обвинувањата
Сервисни административни центри во 36 општини
Владата ја блокира Општина Тетово
Новинарите ќе го тужат Амди Бајрам за навреда и клевета