Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Турбулентен период за Вардар


Цел на многу клубови: Немања Милисављевиќ

Дел од играчите сакаат да си заминат, но документи се' уште нема никој подигнато, вели Коста Костовски

Сашко Ѓ. Димовски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, навлезе во турбулентен период од кој само Господ знае како ќе излезе и дали воопшто ќе излезе. По повлекувањето на Кометал и семејството Костовски црвено-црните останаа без спонзор, па сега наместо на здрави нозе, како што се мислеше досега на организациски и финансиски план, колективот сега стои на стаклени нозе. За жал. Судбината е крајно неизнесна. Неизвесно е кога ќе се одржи Изборно Собрание, кога ќе биде закажано, кој ќе пројави интерес за преземање на клубот, кои од играчите ќе останат, кои ќе заминат, дали тренерот (Милко Ѓуровски) ќе остане во Македонија или ќе остане во Словенија каде што е во моментот. Отворени прашања еден куп, одговори засега нема. Сите креваат раменици, никој не сака да говори официјално, да го посочи патот по кој ќе се движи клубот во паузата меѓу двете полусезони или, пак, ќе западне во длабок зимски сон. Клупските активности во моментот се сведуваат на сумирање на сметките и нивно подмирување на крајот на месецот бидејќи раководството во заминување најави дека сака да остави чиста ситуација зад себе.

Засега едно е сигурно, официјално, потврдено. Фудбалерите веќе четири дена уживаат во зимскиот распуст, во наредниот период ќе претстојат поединечни преговори со целиот играчки кадар. Потпретседателот Коста Костовски, вчера, имаше состанок со Орце Камчев во кој, претпоставуваме, детаљно го запозна со одлуката за напуштање на Вардар , за денеска е најавен идентичен таков состанок и со претставници на навивачката група „Комити“. И Орце Камчев и Иницијативниот одбор за спас на клубот заедно со „Комитите“ имаат по седум члена во Собранието на клубот.

Низ кулоар��те веќе се плетат приказни дека голем дел од играчите веќе ги подигнаа документите и се впуштија во потрага по нова средина. Но, од клубот го демантираат меѓутоа не ја исклучуваат можноста дека дел од играчите самоиницијативно можеби веќе ја бараат новата дестинација во кариерата.

„Дел од играчите изразија желба да останат во Вардар, дел од нив изразија желба да си заминат, но документи ниту еден од нив се' уште нема подигнато. Затоа ќе следат поединечни договори со фудбалерите по што ќе биде познато кој од нив ќе остане, а кој ќе си оди“, ни изјави Коста Костовски.

Клубови од македонската прва лига, а веруваме и од странство, веќе почнаа да гледаат кон Градски со можност да ангажираат некој од вардаровите фудбалери. Интерес отворено изразија бранителот на титулата, Работнички, лидерот во есенскиот дел од шампионатот, Македонија Ѓ.П., Милано, итн... Дали некој од нив ќе добие шанса да го одбере посакуваното ќе биде познато во наредниот период, откако Вардар ќе ги заврши разговорите со нив.


Статијата е прочитана 108 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фени индустри уште еднаш го прегази Раднички
Едуардо се врати на терен по девет месеци пауза
Митревски се враќа на голот на репрезентацијата
Македонија ја завршува годината на 56. место на ФИФА
Специјално лого за навивачите
Влатко Костов тренер на годината
Њујорк испушти победа во „Стејпл центар“