Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонија ја завршува годината на 56. место на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација ја завршува годинава како 56. на ранг листата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Тоа е пад за седум места во однос на минатомесечното рангирање, но е за две позиции подобар пласман од декември 2007.

Инаку, ако оваа година како најдобри ја почнаа двата јужноамерикански гиганти Аргентина и Бразил, наредната година како водечки ќе ја отворат две европски екипи. Европскиот првак Шпанија и Германија. Шпанија има фантастична низа од 16 победи во 16 меча (една на пенали) и е репрезентацијата, која најмногу напредуваше годинава освојувајќи импресивни 314 бода.

Од земјите од бившите Ју простори најдобро пласирана и натаму е Хрватска, која е седма, потоа следи Србија на 30. позиција, Словенија е веднаш зад нас, БиХ е 61, а Црна Гора 112.

ТОП 10



1. Шпанија 1663 бода, 2. Германија 1381, 3. Холандија 1338, 4. Италија 1326, 5. Бразил 1246, 6. Аргентина 1180, 7. Хрватска 1142, 8. Англија 1115, 9. Русија 1103, Турција 1016

Лидер: Шпанија



Влез меѓу ТОП 10: Турција (плус од три места)

Надвор од првите 10: Чешка (11, минус два), Португалија (11 минус 1)

Најголем напредок според бодовите: Фиџи 133 бода

Најголем напредок според местата: Фиџи - плус од 31 позиција

Најголемо назадување според бодовите: Бугарија минус од 169

Најголемо назадување според местата: Нов Зеланд минус 26 места

Тим на годината: Шпанија

Најголем напредок во 2008: Шпанија (плус 314 бода)


Статијата е прочитана 35 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фени индустри уште еднаш го прегази Раднички
Едуардо се врати на терен по девет месеци пауза
Митревски се враќа на голот на репрезентацијата
Турбулентен период за Вардар
Специјално лого за навивачите
Влатко Костов тренер на годината
Њујорк испушти победа во „Стејпл центар“